ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: До утре до 18 часот да се пријават сите граѓани кои сакаат да се вратат во земјава

Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе организира хуманитарни летови и конвои за да можат околку 2.300 граѓани кои се заглавени во меѓугранични простори или по аеродроми или им треба помош да си дојдат дома. Заинтересираните треба до недела до 18 часот да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Сите кои на ваков начин ќе пристигнат во земјава ќе бидат во задолжителен државен карантин 15 дена

March 21, 2020 12:28
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе организира хуманитарни летови и конвои за да можат околку 2.300 граѓани кои се заглавени во меѓугранични простори или по аеродроми или им треба помош да си дојдат дома. Заинтересираните треба до недела до 18 часот да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Сите кои на ваков начин ќе пристигнат во земјава ќе бидат во задолжителен државен карантин 15 дена.

-Сакам да упатам клучна порака до утре недела 18 часот сите кои се немаат пријавено да се пријават бидејќи ова нема да биде процес којшто ќе се одвива континуирано. Се работи за големи трошоци, голема организација, нема да може државата редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои. Ние мораме сега да помогнеме. Не е време за патување во странство, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот за надворешни работи Никола Димиров.

Граѓаните, рече министерот, можат да се пријават на е-маил адресите и телефоните на ДКП на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското во соседната земја или во земјата од регионот. Ние, потенцира Димитров, мора да имаме прецизна евиденција и податоци за веднаш да почнеме да ги организираме овие хуманитарни конвои, истакна министерот за надворешни работи.

Тој појасни дека пред неколку денови МНР упатило апел до нашите граѓани кои се затечени меѓу граници, на аеродроми кои што се затворат или се откажуваат летови, на кои што им треба помош за да си дојдат дома и оти по направениот пресек има околу 2.300 македонски граѓани низ целиот свет. Основната концентрација, рече, е во европските земји.

– Вчера на вечерната владина седница разговаравме за ова прашање и беа донесени одлуки и заклучоци. Не задолжи нас МНР во соработка со МТВ да организираме хуманитарни летови за да ги донесеме граѓаните дома, рече Димитров.

Владата, појасни Димитров, одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови да бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена за истовремено покрај државниот интерес да си дојдат дома и заштити здравјето на населението што е веќе во татковината. Формирано е тело кое ќе организира задолжителен државен карантин и ќе го зголеми капацитетот на задолжителниот државен карантин.

Тој информира дека вчера во Црна Гора бил направен обид да се донесат група наши граѓани кои биле во Истанбул и да ги качат на хуманитарниот лет од Владата на Црна Гора, но штом чуле дека ќе бидат во задолжителен карантин ниту еден од нив не сакал да ја искористи оваа можност.

-Ова ако е индиција и илустрација можно е оваа бројка на наши граѓани и да опаѓа. Бројките ќе варираат, рече Димитров.

Најави дека во следните денови ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора кон Северна Македонија. Таму има 70-ина македонски граѓани и, како што рече, ако дојдат во земјава и тие ќе бидат во задолжителен карантин. Трошоците ќе бидат на товар на државата.

Министерот Димитров реле дека исто така се контактираат сите земји од шенген зоната доколку некој граѓани поради сктуелната состојба со коронавирусот го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не сносат правни последици.

– В земјите дел од шенген упатени барања граѓаните кои поради неможност да го испочитуваат рокот да немаат правни последици од пречеккорувањето. Дел од земјите носат одлуки, рече министерот за надворешни работи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk