ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Економски совет: Во моментов е најважна финансиската поддршка на здравството

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во завршниот дел од состанокот се заблагодари за укажувањата, насоките и препораките и рече дека Владата ќе биде целосно посветена да ги прифати и примени најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација.

March 21, 2020 18:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА

Најважниот фокус во моментов за справување со корона вирусот треба да биде финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат последиците по јавното здравје и да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор.

Ова е заклучокот од денешниот состанок на чие одржување го иницираше премиерот Оливер Спасовски.

Освен претседателот на Владата и неговиот економски тим, на состанокот учествуваа претседателот на МАНУ, Таки Фити, академик Абдулменаф Беџети, советникот во Стопанската комора Зоран Јовановски, поранешните министри за економија Фатмир Бесими и Трајко Славевски, Гордана Димитриеска Кочоска, Никола Поповски, Ванчо Узунов, Светозар Јаневски, Павле Гацов, Борче Треневски, Марјан Петревски, Андреја Јосифовски, Виктор Мизо, Драган Тевдовски, Предраг Трпевски, како и претставниците на стопанските комори Даниела Арсовска, Бранко Азески, Анета Пешева и Неби Хоџа.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во завршниот дел од состанокот се заблагодари за укажувањата, насоките и препораките и рече дека Владата ќе биде целосно посветена да ги прифати и примени најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација.

Економскиот совет е ад-хок тело од кое треба да произлегуваат насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот. Во Економскиот совет учествуваат претставници на МАНУ, на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници стопанските комори и на опозицијата.

Next Post

Корона вирус во светот: Речиси 300 000 заразени, скоро 12 000 мртви, над 93 000 излечени

НАЈНОВО

Пуштени на слобода чилеанските навивачи по судирите во Буенос Аирес

August 23, 2025

Фон дер Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина

August 23, 2025
Фото: ВИ

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk