ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Кај матичните лекари преку „Мој термин“ ќе се закажува тестирање за корона вирус

Oд понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ за земање на брисеви за тестирање за коронавирус.

March 21, 2020 16:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ за земање на брисеви за тестирање за коронавирус. Исто така, од понеделник закажување за тестирање ќе може да се прави и преку матичните лекари, преку системот „Мој термин“, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Денеска заврши координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување преку системот „Мој термин“, а после јавување на нивните веќе пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Тоа значи, дека од понеделник освен телефонските линии за информации во центрите за јавно здравје во Кол-центарот во Здравствен Дом Скопје пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари за да се закаже земање материјал во двата пункта доколку се постави индикција според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат, појасни Филипче.

Здравствените работници, според него, се целосно мобилизирани, во секоја здравствена установа е направен систем на ротација на лекарите, се третираат само итните и малигните случаи. Се прават распореди на стручните колегиуми за текот на денот, за начинот на којшто ќе се прави проценка и спроведување на оперативните програми.

Тој повтори дека состојбата со респираторни машини е добра, дека имаме 120 респираторни машини на располагање. Спремни се, рече, капацитетите и на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“. Светските искуства, според него, покажуваат дека на многу мал процент од пациентите, некаде околу пет отсто им е потребна респираторна поддршка.

Министерот за здравство рече дека бројот на дијагностицираните лица сo коронавирусот во нашата земја очекувано е во пораст и тоа со појава на изолирани случаи настрана од веќе постоечките кластери со кои сите досега дијагностицирани пациенти се во корелација.

-Имајќи го ова во предвид и со цел да бидеме точни во известувањето на јавноста за бројката од денеска за новозаболените пациенти ќе информираме еднаш во денот, во 12 часот, а бројката ќе се однесува на дијагностицираните случаи во изминатите 24 часа. Билансот ќе се темели на евиденцијата на лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика во ИЈЗ кој ја дигитализираше базата во изминатите денови, а кои освен дијагностицираните пациенти во таа лабораторија ќе ги добива информациите и од лабораторијата во болницата „Жан Митрев“. Ќе има целосна евиденција од сите места каде што се врши дијагностика на коронавирусот во нашата земја, истакна Филипче.

Тој ја повтори информацијата дека во текот на ноќта се потврдени уште девет нови случаи, и оти вкупната бројка до 12 часот во нашата земја изнесува 85. Според местото на живеење регистрирани се случаи во шест градови: Скопје, Дебар, Гостивар, Кавадарци, Штип и Охрид.

-Состојбата на пациентите во Инфективната клиника се во непроменета состојба. Најтешката пациентка е на респираторна машина, во непроменета состојба во однос на вчерашниот ден, тројца од пациентите се со потешка форма на пневмонија, а другите пациенти се со полесна клиничка слика, рече Филипче.

Пациените кои се на домашно лекување се во секојдневна постојана комуникација со инфектолозите од Клиника. Нивната клиничка слика е сосем лесна, значи лекувањето може да се спроведе во домашни услови. Стабилна и добра и лесна клиничка форма имаат пациентите коишто се лекуваат во Дебар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

На „победата” и се кратки нозете

June 5, 2025
Трамп рејтинг

Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

June 5, 2025

Протест на земјоделците од Прилепско – бараат да се отстранат дефектите на линијата за наводување

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нухиу: Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk