ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Матичните лекари ќе можат да издаваат потврди за лицата со хронични болести

Прашан за апелот што се шири на социјалните мрежи за идентитетот на лицата со корона вирусот,  Филипче истакна дека разговарале да се ограничат информациите во однос на идентитетот и додаде оти во еден момент интересот бил навистина голем.

March 21, 2020 16:11
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Потврдите за лицата со хронични болести кои досега ги издаваа лекарите специјалисти и со кои тие беа задолжени да седат дома, сега со промената на начинот на издавање на овие потврди можат да ги издаваат и матичните лекари. Ова денеска на прес-конференција  го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

– Доколку во овој момент истече некоја потврда за хронични болести и за хронична терапија на пациентите кои досега ги добиваа од лекар специјалист сега можат да се упатат само кај својот матичен лекар. Да не бараат потврда од специјалист. Со ова сметавме дека значајчно ќе се олесни функционирањето во овој дел, рече Филипче.

Прашан за апелот што се шири на социјалните мрежи за идентитетот на лицата со корона вирусот,  Филипче истакна дека разговарале да се ограничат информациите во однос на идентитетот и додаде оти во еден момент интересот бил навистина голем.

– Се уште има таков интерес, меѓутоа со зголемувањето на пристапот кон закажувањето на термините за тестирање, со веќе установената работа на епидемиолозите од Центрите за јавно здравје, тие солидно ја вршат својата работа, ги анализираат контактите, и примарните и секундарните. Верувам дека мерките што се донесени, верувам дека и дополнителните мерки коишто ние ќе ги предложиме до Владата дека ќе бидат усвоени и тоа сето ќе придонесе кон зајакнување и почитување на мерките за самоизолација, односно карантин, рече Филипче.

Прашан за терапијата за маларија која сега се покажуава како успешна за лекување на коронавирусот, Филипче рече дека веројатно се мисли на терапија со кинин.

–  Веќе има некои публикации во коишто хидрохлор кининот се користи во комбинација со азотримицин група на антибиотици. Ние во текот на вчерашниот ден бевме контактирани од Меѓународното претставништво одговорно за целиот овој регион од Европа и го покажавме интересот да добиеме соодветна количина на лекови, согласно бројот на пациенти и согласно населението. Во текот на следната недела го очекуваме одговорот од ова претставништво на таа компанија, рече Филипче.

На новинарско прашање како заболеле сопружниците од Кавадраци од коронавирус и дали еден од нив е доктор, Филипче рече дека сите коишто се идентификувани како пациенти се или хоспитализирани или на домашно лекување.

-Сите контакти се анализирани. Во болницата во Кавадарци се пристапи кон сите здравствени работници што биле во контакт, потенцијалните пациенти кои биле или се во ризик. Кај дел од нив кај што е одредено дека е веќе поминато доволно време се земени материјали, брисеви за анализа. Тие ќе бидат готови или до вечерните часови денеска или во раните утрински часови во текот на утрешниот ден после што ќе бидат преземени и соодветни совети и мерки – дали за лекување, дали за изолација. Значи, направена е целата епидемиолошка анкета и шема околу новодијагностицираните, одговори Филипче.

На поплаките од граѓаните дека телефонските линии на Институтот за јавно задравје се постојано зафатени и не можат да воспостават комуникација за да се тестираат, Филипче потенцира дека веќе од денеска функционира кол-центарот, а бројот ќе биде објавен јавно во претстојниот период.

– Верувам дека ова значајно ќе го олесни пристапот до пациентите. Тука ќе може да се информираат како за тоа дали е потребно тестирање согласно епидемиолошките податоци коишто ќе ги дадат, така и за некои технички работи во однос на боледувањата, издавањето на документи итн., рече Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почина едномесечно бебе во Скопје, наредена обдукција

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

Кузеска: Мицкоски потпишал договор со фирмата што ја нарекуваше „епски криминал“

October 4, 2025

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk