ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Македонските ученици од СТЕМ Академија освоија пет награди на меѓународниот натпревар по роботика во Атина

April 30, 2026 09:22
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пет тима од СТЕМ Академија освоија пет награди во пет различни категории на меѓународниот натпревар за СТЕМ роботика и автоматизација СТЕМАТЛОН. Натпреварот се одржа на 26 април во Атина, во силна конкуренција на над 400 тимови од осум земји.

Македонија ја претставуваа 23 ученици поделени во пет тима, при што секој тим освои по една награда со свои инженерски решенија на темата „Кога луѓето би биле единствената вештачка интелигенција“. Учениците работеа на проекти поврзани со реални предизвици од секојдневниот живот, опфаќајќи области како транспорт, производство на храна, заштита од природни непогоди и безбедност на значајни објекти. За реализација на овие проекти, тие користеа различни технологии од областа на роботиката и автоматизацијата, како и решенија базирани на вештачка интелигенција. Како посебен белег на нивното претставување, на свеченото отворање на кое сите држави се претставуваа со песна од нивната земја, македонските ученици ја избраа и ја изведоа „Ангел си ти“ од Тоше Проески.

„Особено сме горди што сите пет тима се вратија со награди во силна меѓународна конкуренција“, изјави Љубчо Јованов од СТЕМ Академија. Тој истакна дека овој успех претставува потврда дека македонските ученици можат рамноправно да се натпреваруваат со врсници од регионот и пошироко, користејќи современи инженерски пристапи и AI технологии.

Овој резултат претставува уште една потврда за континуитетот на меѓународните успеси на учениците од СТЕМ Академија, имајќи предвид дека на почетокот на април годинава тимовите на Академијата освоија прво и второ место на Глобалната олимпијада за роботски спортови во Крит, Грција. СТЕМ Академија е меѓународно акредитирана образовна организација од Скопје која работи со ученици на возраст од 5 до 16 години преку програми по роботика, автоматизација и инженерство. Од организацијата потенцираат дека резултатите од меѓународните натпревари претставуваат значаен дел од развојот на практичните СТЕМ компетенции кај младите.

Next Post

Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk