ВЛАДАТА се подготвува за воведување на Полициски час. Владатата доцна синоќа ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и пpeпopaки за воведување најстроги рестриктивни мерки во врска со спречувањето, внесување и ширење на корона вирусот (забрана и посебен режим на движење за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраста) и да ги достави до Владата денес.
ДО 10.000 евра за дигитални решенија за полесно справување и надминување на последиците од Ковид-19. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објавува нов јавен повик за креативни алатки и решенија за онлајн и интерактивни активности или анимација наменети за различни категории на граѓани.
СИСТЕМОТ ти вика седи дома, не се групирајте, не излегувајте без потреба, не се собирајте повеќе од 5 луѓе на јавен простор. Ти: се шеташ, си тераш друштво, Шилегов повикува #СедиДома.
ЦЕЛ свет ни аплаудира на спремноста на министрите, на ефикасните мерки, на професионалноста, а нашата опозиција е незадоволна зошто не е на власт. И ќе тужи за тоа! Добро, што им е на дпмне? прашува во својата колумна Ана Неделковска.
ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ нови 6 лица позитивни на корона вирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.
НА оние од екипата “Лажни вести” им порачувам да престанат да му штетат на нашиот народ, Зоран Заев, на својот Фејсбук профил напиша статус во кој повика на одговорно и професионално однесување од медиумите.
ВО Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се прави уште една лента за подобар пристап кон Ургентниот центар и нова улица зад Клиниката за инфективни болести со цел да се подобри пристапот кон оваа установа.