Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објавува нов јавен повик за креативни алатки и решенија за онлајн и интерактивни активности или анимација наменети за различни категории на граѓани.
-Повикот се реализира во соработка со Амбасада на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери/експерти. Рокот за аплицирање е до 22/03/2020 година во 23.59 часот, информираат од Фондот.
“Ги поттикнуваме и практично ќе ги поддржиме сите што сакаат да дадат придонес во полесно надминување на оваа ситуација. Воведувањето, пред се, на дигиталните алатки може реално да им помогне не само на многу граѓани и компании, туку и на многу институции како да станат поефикасни и со помал број на вработени да функционираат еднакво ефикасно,“ рече директорот на Фондот, Јован Деспотовски.