ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, прв предизвик ни е справувањето со кризата од коронавирусот

Во период во кој светот е соочен со голема здравствена криза, нашата држава и официјално стана 30- та членка на НАТО Алијансата. По ратификацијата на Протоколот од страна на сите останати, 29 држави- сојузнички, и на крајот, по потпишување на Указот за ратификација на Протоколот од страна на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Република Северна Македонија се построи во најсилниот воено- политички сојуз

March 21, 2020 12:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во период во кој светот е соочен со голема здравствена криза, нашата држава и официјално стана 30- та членка на НАТО Алијансата. По ратификацијата на Протоколот од страна на сите останати, 29 држави- сојузнички, и на крајот, по потпишување на Указот за ратификација на Протоколот од страна на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Република Северна Македонија се построи во најсилниот воено- политички сојуз, се вели во соопштението за јавноста на СДСМ.

Официјалната покана за нашата држава да се приклучи кон Северно- Атланскиот договор ја испрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку писмо испратено до македонската Влада.

Столтенберг изрази задоволство во свое, но и во име на сите други членки на НАТО во однос на пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата. Таканаречениот Пристапен инструмент се депонира во Владата на Соединетите Американски држави со што нашата држава го добива полноправното членство како 30-та членка во НАТО.

Со ова, Северна Македонија станува сојузник и соработник со најсилните држави во светот. Пристапувањето во НАТО го обезбедува територијалниот интегритет и суверенитет на државата, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.

Но, НАТО не е само воено – политички сојуз, тоа е и економски двигател на државите во прогрес, како Северна Македонија. За многу брзо време, по надминувањето на светската здравствена криза со корона вирусот, на нашата земја ќе и се отвори пазар вреден четири милијарди евра годишно, но и перспективата со странски инвестиции.

Токму членството во НАТО и отворањето на економските можности за Северна Македонија надвор од границите, ќе преставува олеснување во анулирањето на економските последици кои ќе бидат резултат на пандемијата со вурусот.

Владата и македонските граѓани немаат прилика деновиве да го прослават остварувањето на три деценискиот сон и и приклучувањето во сојузот на најсилните држави, но ќе имаме време за славење. Сега сме исправени пред друг предизвик, сега капацитетите на државата се насочени кон здравјето и животот на граѓаните за заеднички да се справиме со сите опасности од вирусот и да ги намалиме економските штети.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Карни го изрази својот став за новите царини на Трамп против земјата

July 11, 2025

Политико: Брисел подготвува нови буџетски санкции за земји што ги кршат демократските стандарди

July 11, 2025

Иран протера половина милион Авганистанци во период од 16 дена од неодамнешниот конфликт со Израел, соопшти ОН

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk