Џејсон С. Варнер од веб-страницата „Медиум“ вели важно е секој од нас да ја знае математиката за пандемијата со која се бориме денес. Тој направи детална математичка анализа поврзана со корона вирусот и неговото ширење.
Џејсон има магистратура по хемиски инженеринг и факултетска диплома за бизнис и е директор на софтверска компанија која обезбедува податоци и аналитика. Пред да ја основа компанијата, бил извршен директор на големи тимови за регрутирање во компании како Старбакс и Гугл.
Статијата ја напишал за да ја раскаже вистината за тоа што се случува со пандемијата и да ја објасни математиката едноставно, затоа што многу луѓе не сфаќаат што се случува.
Тој истакнува неколку проблеми со кои се соочуваме во екот на пандемијата.
Проблем број 1: Социјалните норми се моќни мотиватори и ги спречуваат луѓето да ги преземат правилните чекори за соодветно да реагираат на пандемијата.
Чудно е и можеби претеруваме. Така е, затоа што повеќето луѓе ги преценуваат тековните случаи и ја потценуваат математиката за тоа како се шири вирусот. Причината е тоа што нашите мозоци имаат тенденција да размислуваат линеарно, наспроти логаритамски. За да се создаде нова социјална норма, луѓето сакаат да го видат однесувањето:
– Ако некој друг го прави, и јас треба да го правам.
Проблем број 2: Многyмина се фокусираат на погрешни бројки.
Да, вирусот убива мал процент од заболените, и да, обичниот грип убива десетици илјади луѓе годишно. Да, 80 % од имаат лесни симптоми кога ќе се заразат со Ковид-19. Смртната стапка е релативно ниска (1-2 %). Сето ова е вистина, но се фокусирате на погрешни бројки.
Природата на експоненцијалната математика е тоа што стапките на инфекција почнуваат бавно, a потоа интензивираат и ги преполнуваат болниците.
Треба да претпоставувате дека вирусот е насекаде во овој момент, дури и ако нема потврдени случаи во вашата област.
Важно е да ја направите оваа двеминутна математика во 3 чекори, за да разберете:
1 чекор: За понатамошно разбирање на експоненцијалниот раст, земете го бројот на потврдени случаи во вашата област и помножете го со 10 (или 50 ако верувате во процените на универзитетите во Харвард и Масачусетс) за да ги пресметате случаите што сè уште не се потврдени. 10 случаи во вашиот град, ако сè уште нема пријавени случаи. Овој број на заразени лица се дуплира на секои 3 дена во пандемија. Значи, земете го вашиот број и помножете го со 2. Направете го тоа пак. А потоа, пак направете го истото. И уште еднаш. Правете ја оваа вежба за множење 10 пати.
2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x (бројот на предвидени инфекции во вашиот град денес (не само пријавени случаи).
Овој резултат е процена за реалните случаи во вашата област по 30 дена. За математиката се потребни 30 секунди и мора да ја сфатите за да видите како расте. Ако голем процент од населението не практикува социјално дистанцирање, ова ќе биде крајниот број на случаи во вашиот град за 30 дена.
Пример од местото каде што живеам, Бенд, Орегон:
6 потврдени случаи х 10 = 60 случаи (заклучно со 18.3.2020)
60 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 = 61.440 позитивни случаи на Ковид-19 во 30 дена. Ова е 60 % од населението во Бенд, Орегон. Ова не е за паника. Вака функционира експоненцијалната математика.
Стапката на забрзано ширење на вирусот се удвојува на секои три дена. За 30 дена ќе има 1.024 пати поголем број заразени во вашата област, дококу вашата заедница не примени екстремно социјално дистанцирање.
2 чекор: Следните вежби се исклучително важни
Пресметајте 15 % (помножете со 0,15) од последната бројка на вкупно заразени лица по 30 дена. Ова ќе обезбеди процена на сериозни случаи на Ковид-19 што бараат хоспитализација и споредете го со бројот на кревети и број на респиратори кај вас.
Пример: Бенд Орегон: 0,15 х 6.144 вкупно случаи = 921 Ковид-19 случаи за 30 дена за кои е потребна хоспитализација.
Последен чекор: Помножете го вкупниот број на кревети во вашата локална болница со 0,35 за да разберете колку кревети може да се користат за пациенти со Ковид-19 во вашата област и споредете го со чекор 1 и чекор 2 во вашата област. Го гледате проблемот? Затоа владите ги затвораат градовите и државите.
Овие броеви што ги пресметавте го покажуваат големиот проблем: премногу пациенти, недоволно кревети и сериозен недостиг на респиратори и маски, и што ќе се случи доколку не практикуваме социјално дистанцирање.
Бројот на заразени се удвојува на секои три дена. Вестите и владините агенции заостануваат во нивниот одговор. Слушаме дека САД имаат 3.115 (15.3.2020) и тоа не изгледа како многу. Но, од Кина знаеме дека вистинската бројка е поголема од пријавените случаи затоа што може да има заразени луѓе, а да немаат симптоми. Во математиката „редоследот на големината“ значи десет пати поголема разлика.
Од медицинската школа на Харвард велат дека всушност има 50 пати повеќе случаи од пријавените. Тоа значи дека во САД има над 75.000 заразени.
Но, да претпоставиме дека сегашната бројка на заразени во САД е 10.000 за да видиме како би одела математиката:
Ако не запре ширењето, за еден месец ќе имаме од 2 – 10 повеќе случаи на заразени лица затоа што инфекцијата се дуплира на секои 3 дена.
Овој број е катастрофално голем проблем за сите нас: 10.000 случаи x 1.024 во САД за само три дена. Тоа се 10 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19.
Откако владите на Кина, Норвешка, Франција и на Италија ја сфатија математиката, реагираа и затворија сè. Земјите што нема да се справат соодветно ќе платат многу поголема цена.
Болничките кревети не се ни големиот проблем. Проблем се респиратори.
Ако почнеме со социјално дистанцирање од 23 март, ќе се избегне заразување на 1,4 милион луѓе во САД.
Ако сите се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање, САД драматично ќе го намалат ширењето на вирусот:
2 x 2 x 2 x 2 = 16
Наместо 10 милиони случаи, ќе има само 160.000.
Автор: Џејсон С. Варнер/факултети.мк