ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хелсиншки комитет: Вонредната состојба не смее да биде изговор за надлежните органи да ги кршат човековите права

Можноста за ширење на вирусот е еднакво голема во секој дел од денот и затоа е клучно рестрикциите што се преземаат да бидат добро осмислени како би можеле да гарантираат заштита на јавното здравје и брзо надминување на здравствената криза.

March 23, 2020 15:52
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО

Поттикнати од дел од предлозите што овие денови се доставуваат до Владата, а кои претставуваат сериозно и несразмерно нарушување на човековите слободи и права, Хелсиншкиот комитет апелира да се постапува со должно внимание при усвојување и преземање на мерките. Предлозите за задолжително јавно именување на лицата кои се во самоизолација и за објавување на реоните од Скопје во кои се лоцирани случаи, се непропорционално инвазивни и целосно ја одземаат приватноста на засегнатите лица притоа создавајќи стигма кон потенцијално заболените лица.

Во време на вонредна состојба, Владата може да презема активности надвор од рамките на она што би било дозволено во нормални околности. Меѓутоа, вонредната состојба во никој случај не смее да претставува изговор за надлежните органи да ги кршат човековите права. Преземените мерки не смеат да отстапуваат од обврската за заштита на најранливите категории граѓани, односно, оние најпогодените од воведувањето на вонредна состојба. Ова се однесува на лицата со ниски примања, изолираното рурално население, лицата со потешки здравствени состојби, лицата со попреченост, бездомните лица и постарите лица кои живеат сами или во некаква институција. Човековите права и слободи мораат да бидат земени предвид при одлучувањето за преземање на мерки додека трае оваа состојба.

Во извесна смисла, прибегнувањето кон вонредна состојба претставува премин од правило кон исклучок. Концептот за итност е заснован на идејата за ненадејна и неочекувана појава, како моменталната ситуација со КОВИД-19, чии ефекти водат до преземање на невообичаени правни и политички одговори. Токму затоа, реакцијата треба да биде ефикасна и мерките кои се преземаат мора соодветно да бидат таргетирани за да ги дадат посакуваните резултати. Тоа е во целосна спротивност со преполните автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и работата во фабриките каде во една смена и мал простор, работни обврски извршуваат по неколку стотици луѓе.

За времетраењето на вонредната состојба, државата не смее произволно да го спречува уживањето на човековите права или пак, произволно да ги ограничува човековите слободи, за чие обезбедување и заштита е одговорна. Мерките треба да бидат преземени строго во согласност со барањата што ги наложува ситуацијата. Согласно домашните и меѓународните стандарди, ограничувањето на правата и слободите во никој случај не смее да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба. Произволното интервенирање би било спротивно на јавниот интерес и општото добро, а уредбите со законска сила кои ги носи Владата би биле спротивни на меѓународното право. Пример за тоа како не треба да се постапува е последната реакција на Министерството за внатрешни работи, кое на социјалната мрежа „Инстаграм“ се заканува дека ќе казнува за секој негативен коментар и порака. Ваквото грубо ограничување на слободата на изразување е целосно несоодветно со сегашната состојба и е непропорционално во однос на целта која треба да се постигне, која во оваа објава не е ниту јасно определена.

Кое било мешање во заштитата на човековите права, кое не придонесува за некоја повисока цел, ги прави преземените мерки неефикасни и во спротивност со барањата што ги наложува ситуацијата. Оттука, нејасна е целта на радикалната забрана за движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден и насловувањето на оваа мерка „полициски час“ додека во текот на денот парковите, игралиштата и другите јавни површини остануваат главни собиралишта на големи групи луѓе. Можноста за ширење на вирусот е еднакво голема во секој дел од денот и затоа е клучно рестрикциите што се преземаат да бидат добро осмислени како би можеле да гарантираат заштита на јавното здравје и брзо надминување на здравствената криза.

Next Post

Комуналец Прилеп: Ова е изгледот во Врбеско маало, каде ни е совеста?

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk