Стаклена амбалажа, пластични гајби, отпад од градина, најлон, и што ли уште не, утрово се исфрлени на тротоар, па дури и на улица, реагираат од ЈКП Комуналец од Прилеп на несовесноста на граѓаните.
„Ова е изгледот во Врбејско маало, до sидот од паркот кој е во изградба. И покрај тоа што на ова место има поставен Игло контејнер за одлагање на стаклена амбалажа, најверојатно, старите навики не сакаме да ги поправиме, дури и во време на пандемија.
Повикан е Инспекторатот да ја утврди состојбата и да го открие несовесниот граѓанин, зашто целиот отпад видливо е исфрлен од една куќа или одреден бизнис. Местото е исчистено, а ваквите појави на исфлање на отпадни материјали на јавни површини е секојдневие. ,, Комуналец,, троши време, пари и дополнителна работа за справување со ваквите нечесни појави, во време на пандемија, кога во градот е потребно да има врвна хигиена и секојдневно дезинфицирање на комуналните возила, контејнерите, како и јавните површини.