До 23 март во 15 часот во Србија регистриpани се вкупно 249 потврдени случаи на корона вирус.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, епидемиологот Предраг Кон на прес конференција во владата соопшти дека бројката на новотестирани изнесува 61 лице, од кои 27 биле позитивни и 34 негативни на вирусот Ковид-19.
Од 27-те нови случаи, 19 се хоспитализирани и се во стабилна состојба, додека 8 се наоѓаат на домашно лекување.
Вкупно хоспитализирани се 125 лица, од кои на респиратори се ставени шеснаесет лица, изјави Кон.
Досега во Србија од корона вирусот се излечени три лица, изјави тимот на медицински експерти кои од вчера ги држат прес конференциите во српската Влада.
Во националната референтна лаболаторија на институтот Торлак тестирани се вкупно 822 лица, кои имаат исполнето критериумите за дефинирање на случаевите, соопштија од министерството за здравство.
Денес во 17 часот членовите на економскиoт и здравствен кризен штаб за сузбивање на корона вирусот и тимот на лекари од Кина ќе се сретнат со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, по што во 18 часот претседателот Вучиќ ќе одржи прес конференција.