Двегодишно дете е најмладиот пациент заболен од корона вирусот. Филипче рече дека позитивни на корона вирусот се и неговите родители, но оти сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека ова семејство било заболено како резултат на локална трансмисија. Министерот за здравство информира дека во добра здравствена состојба се и тројцата пациенти во Охрид и оти и тие имаат лесна клиничка слика.
Филипче: ИЈЗ ќе спроведе тестирање на сите лица кои беа во поврзани со Кожната клиника. „Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица, од кои едно е излекувано, а две се починати“, рече министерот.
Општина Куманово бара целосен карантин, тестирање за корона на вработените во СВР и ТППЕ и дислокација на бегалците од Табановце.
Во Велес забрана за користење на Детските игралиште и собирање во групи.
Синдикатот на УКИМ против предлогот за намалување на платите. Синдикатот предлага да се изнајдат други начини за финансиска поддршка и борба против коронавирусот со пренасочување на буџетски средства наменети за одредени проекти кои во моментот не се повеќе значајни од здравјето на граѓаните, како и од државните резерви, донации од банки и големи компании, задолжување…
Сасоли: Одлуката за преговори со Албанија и Северна Македонија се добри вести во тешки времиња. Одлуката на министрите за европски прашања за почеток на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија, претставуваат добри вести во овие тешки времиња, оцени претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
Урсула фон дер Лејен: Одлични вести за Западeн Балкан и за ЕУ. Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија претставува одлични вести за Западниот Балкан и за Унијата, оцени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Прекршители на самоизолација во Индија ќе носат транспарент „Јас сум му пријател на корона вирусот“.