На седницата на Владата не се разгледувани предлозите на СДСМ за економските мерки, рече министерот Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање дали се разгледувани економските мерки кои ги предложи Зоран Заев и дали ДУИ би ги поддржала тие економски мерки.
Тој рече дека лично е подготвен да оди на минимална плата и додаде дека и како ДУИ ја поддржуваат мерката сите функционери и именувани лица да одат на минимална плата, но како што истакна Бектеши, тие се против цела администрација да оди на минимална плата.
Мислам дека треба да се оди на скратување на платите на функционерите и сите управни и надзорни одбори и именувани функционери, па потоа фазно да се преземаат и други мерки во консултација со експерти невладини организации и други економски фактори, одговори Бектеши.
Ј. Ѓ.