ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лекарите во Италија се на крај со силите, и самите заболуваат од Ковид-19

На крајот сме со силите, изјави лекарот Романо Паолучи, кој се врати од пензија за да и помогне на болницата Oglio Po крај Кремона, еден од најтешко погодените градови во Ломбардија. -Немаме доволно ресурси и особено персонал затоа што, меѓу другото, и персоналот сега почнува да се разболува

March 24, 2020 09:56
in ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во италијанската болница Oglio Po, 25 од 90 лекари се заразени со новиот коронавирус, што зголемува притисок врз здравствениот систем кој веќе е преоптеретен од пандемијата.

– Петтина вработени во болницата се заразени со коронавирусот, изјави шефот на болницата Даниела Ферари.

Тие и здравствените работници како нив скоро сигурно го ширеле вирусот, дури и да не знаеле пред да им треба лекување или да заминат во самоизолација, веруваат експерти и лекарски синдикати.  Состојбата е влошена од фактот дека немале доволно маски и раквици при откривање на инфекцијата пред еден месец.

-На крајот сме со силите, изјави лекарот Романо Паолучи, кој се врати од пензија за да и помогне на болницата Oglio Po крај Кремона, еден од најтешко погодените градови во Ломбардија.
-Немаме доволно ресурси и особено персонал затоа што, меѓу другото, и персоналот сега почнува да се разболува.

Во Ломбардија, регион со најмногу заразени и починати, најмалку две болници станаа жаришта на инфекција. Пациентите го заразиле медицинскиот персонал, кој потоа го ширел вирусот со преселување во нивните заедници пред да се воведе строг карантин.

-Тоа е еден фактор што придонесе за такво брзо ширење на вирусот, рече Џузепе Ремузи, директор на Институтот за фармаколошки истражувања Марио Негри.
-Пациентите заразија други пациенти и лекари кои потоа излегоа и ги заразија другите“, рече Ремузи.

На национално ниво, 4.268 здравствени работници, или 0,4 проценти од вкупниот број, се заразиле со вирусот до 20 март, според Националниот институт за здравство.

Во Бергамо, северо-источен Ломбардија, 134 матични лекари, 600 или 22 проценти, се разболеле или се во карантин, вели Гвидо Маринони, шеф на локалното здружение на лекари по општа пракса. Починаа тројца лекари.

-Ситуацијата е уште полоша во пензионерските домови – заразени се 1464 здравствени работници од 5.805.

Шефот на владиниот кризен штаб за борба со пандемијата на коронавирусот изјави дека на Италија и се потребни 90 милиони маски месечно и ги „активираше сите можни канали“ за да ги добие.
Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, изјави во четвртокот дека потпиша договор за четири милиони маски од Јордан.
Во неколку болници и здравствени центри во Милано, јавни и приватни, вработените и синдикатите исто така се жалат на несоодветни мерки за заштита на вработените.

Next Post

Илон Маск купи 1.255 респиратори за борба против корона вирусот

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk