ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилепската болница и службата за Итна помош ги добија првите заштитни штитови за лице

Во текот на утрешниот и следните денови, здравствените установи од Прилеп ќе добијат онолку заштитни штитови колку што им се потребни.

March 24, 2020 15:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 50 штитови за лице Општина Прилеп распредели денеска во прилепската градска болница „Борка Талески“. Заштитните 3Д-штитови, превенствено се наменети за персоналот од Инфективното одделение како и за лекарите специјалисти и останатиот медицински персонал кој е во непосреден контакт со пациентите.

Според директорот на прилепската болница, Драган Богоески, заштитните штитови ќе се користат во ситуација кога здравствените работници се во контакт со лица заболени од корона вирусот, или со други пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со корона вирус.

Заштитни штитови добија и вработените во Итната медицинска помош, кои во новонастаната ситуација со пандемијата, имаат потреба од дополнителна заштита.

Во текот на утрешниот и следните денови, здравствените установи од Прилеп ќе добијат онолку заштитни штитови колку што им се потребни.

Од „Ипринт“, прилепската компанија која ја започна идејата и ја спроведе во делот со повеќе компании во Прилеп, велат дека ќе ја интензивираат изработката на заштитни штитови и дека во соработка со фирмите „Резонатор“ и „Графика Дизајн“, на дневна основа ќе произведуваат значително поголеми количини на штитови кои, идентично како и заштитните маски, општина Прилеп ќе ги распределува според приоритети.

Заштитните 3Д-маски се ставаат над заштитната платнена маска за да обезбедат поголема заштита од зараза.

Прилепската компанија „Ипринт“ ја почна реализацијата на оваа идеја, која треба да премине во пошироко производство, поттикната од пример на ентузијасти во Италија кои саа да им помогнат на медицинскиет лица, најдректно соочени со заразата при појавата на корона вирусот. Со поддршка на локалнитe власти од Прилеп отворена е и Фејсбук страница „3Д принт“ на која се пријавуваат фирми кои може да го забрзаат производството на овој вид заштитни средства.

Next Post

Вархеји: ЕУ постигна договор за почеток на преговори, честитки до С.Македонија и Албанија

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk