ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шекеринска: Со депонирањето на нашиот Протокол во Вашингтон ќе станеме 30 членка на НАТО

Шекеринска потврди дека актуелната криза ќе влијае и на идните финансии резервирани за мисијата во НАТО и обврските што произлегуваат од скорото членство, а во моментот кога ќе заврши здравствената криза ќе биде многу појасно со колкави средства во различни сектори ќе се справуваме.

March 24, 2020 18:16
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Не треба да се чека министерски состанок за да се потврди нашето членство во НАТО, туку нашето членство станува и де јуре и де факто во оној момент кога ние ќе го испратиме нашиот ратификуван протокол во Вашингтон, откако тоа ќе го сторат останатите земји членки. Пркатично моментот кога тој ќе биде примен и активиран во Стејт департментот е момент кога РСМ ќе стане 30 членка на НАТО.

Ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање на денешната прес – конференција во Владата.

-Наша стратешка цел членство во НАТО ја завршуваме во за жал најлоши можни околности. Согласно планот кој беше пред епидемијата ние требаше вчера да го предадеме нашиот НАТО протокол во Вашингтон да го депонираме и плановите коишто ги правевме со НАТО беше дека на 30 март и официјално ќе се дигне нашето знаме во Брисел. Се разбира овие планови комплетно паднаа во вода кога започна епидемијата со коронавирусот во Европа меѓутоа очекуваме секој момент нашиот протокол да стигне во Вашингтон и веднаш потоа за неколку дена, пркатично да го видиме, од далечина за жал нашето знаме како се виори заедно со останатите знамиња на 29 земји членки, рече Шекеринска

Таа нагласи дека ова не е време за прослави, ни за патување и никој и не планирал да организира што било, а целиот фокус сега е спасување на што е можно повеќе човечки животи, на македонската економија која како и светската ќе биде сериозно погодена од коронавирусот.

Шекеринска потврди дека актуелната криза ќе влијае и на идните финансии резервирани за мисијата во НАТО и обврските што произлегуваат од скорото членство, а во моментот кога ќе заврши здравствената криза ќе биде многу појасно со колкави средства во различни сектори ќе се справуваме.

-Како држава ќе направиме се цената да не ја платат најсиромашните, најслабите, затоа што во криза обично тоа се случува. Затоа работи нашиот економски тим, Советот околу премиерот од сите прифаќаме различни предлози. Целта  ќе биде трошоците во буџетот да ги насочиме кон поддршка на економијата и во заштита на здравјето. Се останато ќе почека подобри времиња. И во рамки на одбраната правиме нови планови. Се она што не мора да се купи нема да се купи, рече министерката за одбрана.

За тоа кои механизми на НАТО ни се на располагање во контекст на кризата, а и во контекст на мигрантската криза, таа рече дека сега во поголем дел товарот е ставен на Армијата, а главниот придонес што го даваше и ќе го дава НАТО во наредниот период е интензивна обука и тренинг на нашите луѓе.

-Пред неколку месеци добивме донација од САД – АБХ опрема, која е дел од нивната поддршка за нашето членство во НАТО а ја користиме токму сега за време на епидемијата. Во моментов се рачистува просторот околу Инфективната клиника и со Министерството за здравство ја разгледуваме можноста тн. полска болница да ја понудиме како дополнителен ресурс во здравството, а која е добиена во времето кога бевме НАТО партнер земја. Нашата Армија има примено и над 150 милиони долари од земји членки во НАТО. Овие две години покажавме дека и сами инвестираме во Армијата и заради тоа ни е полесно да ги мобилизираме тие капацитети, нагласи министерката за одбрана Шекеринска.

Next Post

Седумдесет милиони евра од ЕУ помош за државата за справување со корона вирусот

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk