ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

12: И Прилеп на листата градови со заболени од Ковид 19, честитки за датумот стигнаа од секаде освен од ВМРО-ДПМНЕ, Заев ги повика најбогатите да бидат солидарни, состанок со историјата

Актуелни вести од 09 до 12 часот.

March 25, 2020 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Честитки стигнаа од сите страни, освен од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев: Најбогатите треба да дадат најголем придонес за надминување на кризата. Повикувам на солидарност кај граѓаните, во вакви услови на здравствена и економска криза. Секако најбогатите треба да дадат најголем придонес за надминување на состојбите и затоа кратењето кај тие што земаат најголеми плати е најголемо, а потоа следуваат оние со помали плати. И она што е важно, тоа е предложено во време кога најмалку три месеци ќе бидат одложени кредитите и извршувањата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното гостување на емисијата „Утрински брифинг“.

Филипче: Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус, истакнува Филипче.

Двајца заболени во Прилеп од корона вирус. Во Прилеп се регистрирани првите два случаја на заразени од коронавирусот, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Според директорот на Центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

ФЗОМ апелира осигурениците да не инсистираат и да не бараат матичните лекари да им пропишуваат лекови на рецепт без медицински индикации.

Адвокати го обвинија Кривичниот суд дека врши директна повреда на мерките против корона вирусот.  Во ова писмо, изнесуваме три основи заради кои сметаме дека Основниот Кривичен Суд Скопје, врши директна повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Скопје, во рамки на Кривичниот Суд со предлог како да се надмине состојбата со судските рочишта, бидејќи здравјето треба да биде наш заеднички приоритет.

Распишани повици за чартер летови за враќање македонски граѓани од Малта и Хрватска.

Жбогар: ЕУ ќе и помогне на Северна Македонија за справување со корона вирусот.

Состанок со историјата. Во една реченица: 11 години режим, насилство и изолација, крвав напад на Собранието и обид за ликвидација на опозициски лидери, историски договор со Грција, Референдум, жестока националистичка кампања против историските успеси, решителни реформи, секавично брзо зачленување во НАТО и ЕУ датум. Наспроти сето тоа, Заев одржа уште еден состанок со историјата, пишува во својата најнова колумна Џабир Дерала.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Димитров: Откако корона вирусот ќе биде зад нас, ќе имаме европска иднина пред нас

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски најави монтажен паркинг и инфраструктурни проекти во Сарај и Матка

October 4, 2025

(ВИДЕО) Руски напад со дрон врз патнички воз во Украина – најмалку 30 цивили повредени

October 4, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски граѓанин најверојатно е загинатиот во експлозија во стан во Белград, објавија српски медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk