ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР: Стабилна безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна

Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

March 25, 2020 15:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА

Безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Непречено се реализираат мото-патролите што ги спроведуваат полициските службеници. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лица што се ставени под мерки за самоизолација,  здравствен надзор и домашна изолација.

Изминатово деноноќие, во периодот од 21.00 до 05.00 часот, поради непочитување на ограничувањето на движењето на граѓаните, со цел доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од  ширење на коронавирус COVID-19, приведени и лишени од слобода се три лица во Дебар и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Во општините Дебар и Центар Жупа без проблеми се реализираат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што,  нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Next Post

Скопјанец не почитувал самоизолација, глоба од 2.000 евра

НАЈНОВО

Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат на државата

August 26, 2025

АНАЛИЗА на Порталб: Инфлацијата не се победува со популизам, туку со структурни реформи и строга буџетска политика

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk