Според првични информации на руското Министерство за одбрана денеска во водите на Црно море, за време на редовен лет, се урнал авион Сухој-27, јавија руските медиуми.
Несреќата се случила на 50 километри од градот Теодосија, каде пилотот на авионот пријавил дека има проблеми со леталото.
Во спасувачката операција се вклучени воени хеликоптери Ан-26 и Ми-8, како и цивилни бродови што биле во непосредна близина на местото на инцидентот.
„Потрагата по пилотот во зоната на дејствување е усложнета од лошите метеоролошки услови“, додава руското Министерство за одбрана.