ЕДЕН од најстарите пациенти заразени со вирусот Ковид-19, 101-годишен маж од италијанскиот град Римини, се опорави од вирусот, јавуваат денеска италијанските медиуми.
СПОРЕД најновите податоци до 17 часот, во светот досега се регистрирани 494.121 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 22.266, а оздравеле 119.785 лица.
ВО сите земји, единствено е јасно докажано, дека само ограничување на движењето дава намалување на бројот на пациенти, зарамнување на кривата и после одреден период и намалување новодијагностицирани пациенти, истакна Филипче.
КЛИНИЧКАТА болница „Аџибадем Систина“ набави иницијална количина од 15.000 тестови за детекција на коронавирусот. Болницата има капацитети за вршење на 300 тестови дневно, а пациентите кои ќе дојдат на тестирање треба да носат заштитна маска.
СЕКОЈА недела во 12 часот претстави од Театарот за деца и младинци на МРТВ.
НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ се 24 пациенти. Вкупно заболени 201. Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот.
ПАПАТА Франциск, кој денеска како и секој ден водеше утринска миса во својата резиденција, е негативен на коронавирусот, пишуваат двата италијански весника „Месаџеро“ и „Фато Котидиано“.
НИКОЈ нема да се спаси, додека сите не се спасиме, пишува Сашо Орданоски.
ЧЛЕНСТВОТО во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ се признание за сработеното, беше речено на средбата Спасовски – Брнз.
ЕВРОПСКАТА Унија денеска ја одбележува 25-годишнината од нејзиниот Шенгенскиот договор за отворање на границите со затворање на сите свои копнени граници или со силни проверки поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот, објави Ројтерс