ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прогнозите се дека пикот ќе биде крајот на април, бројката на заболени ќе достигне околу 2.000 лица

Планираме детална анализа која сакаме да ја споделиме со јавноста во текот на викендот или на почетокот на следната недела. Би биле присутни и експерти од областа на епидемиологијата, а ќе се однесува на очекувањата и временскиот интервал кога што би можеле да очекуваме. Начелно, сегашните анализи и податоци укажуваат дека остануваме на истата прогноза, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали остануваат на прогнозата на 2.000 заболени и пик кон крајот на април

March 26, 2020 18:19
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу 2.000 лица. Сепак, министерот за здравство Венко Филипче најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува.

Анализата, како што посочи Филипче, би била готова во текот на викендов или на почетокот на следната недела.

– Планираме детална анализа која сакаме да ја споделиме со јавноста во текот на викендот или на почетокот на следната недела. Би биле присутни и експерти од областа на епидемиологијата, а ќе се однесува на очекувањата и временскиот интервал кога што би можеле да очекуваме. Начелно, сегашните анализи и податоци укажуваат дека остануваме на истата прогноза, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали остануваат на прогнозата на 2.000 заболени и пик кон крајот на април.

Во Велес каде веќе се потврдени три случаи, Филипче најави зајакнување на епидемолошката служба со еден или двајца епидемиолози кои ќе бидат испратени во текот на утрешниот ден, а следната недела и мобилна екипа.

За оние од овој град кои биле во контакт со заразените, Филипче апелира да останат дома и да не ги контактираат со останатите.

–  За сите важи генералниот апел за домашна самоизолација, посебно за луѓе кои знаеле дека биле во контакт. За нив е отворен и кол центарот. Најважно е да останат дома дури и да имаат најмал сомнеж во однос на тоа дека контактирале со пациенти кои сега се дијагностицирани. Врз основа на првичните податоци, ќе се направи увид кај колкав број од овие луѓе, имајќи го предвид времето на контактот, дали ќе биде индициран тест или ќе се чекаат 14 дена, рече Филипче.

Next Post

Сите документи за аплицирање за бескаматните кредити на Развојна банка достапни електронски

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk