ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сите документи за аплицирање за бескаматните кредити на Развојна банка достапни електронски

Развојна банка, Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Република Северна Македонија апелираат до фирмите коишто ја прибираат документацијата потребна за аплицирање на првата линија бескаматните кредити како една од мерките за КОВИД-19, тоа да го прават исклучиво по електронски пат

March 26, 2020 18:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Развојна банка, Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Република Северна Македонија апелираат до фирмите коишто ја прибираат документацијата потребна за аплицирање на првата линија бескаматните кредити како една од мерките за КОВИД-19, тоа да го прават исклучиво по електронски пат.

Документите коишто ги издава Централниот регистар како што се тековна состојба, листинг од обработена годишна сметка / завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за стечајна постапка, потврда за ликвидациона постапка,  можат да се извадат по електронски пат, потпишани со дигитален потпис, преку системот за е-потврди http://www.crm.com.mk/CRIS/. Додека корисниците на Интернет Дистрибутивниот систем можат да ги извадат преку својот профил. ЗП образецот којшто исто така го издава, Централен регистар  е достапен на следниот линк: http://www.crm.com.mk/DS/download/Registers_document_forms/Obrasci_za_upis/Elektronsko_popolnuvanje/ZPe.pdf.
И Управата за јавни приходи апелира на поднесување на електронски барања за добивање уверение за платени даноци и придонеси. Даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци.
Аплицирањето за првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити од Развојна банка, како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со КОВИД-19, започна од денес 26 март. Јавниот повик е објавен на веб страницата на банката www.mbdp.com.mk, а аплицирањето се прави исклучиво електронски со испраќање на документација на е-мејл адресата kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk.
Во оваа прва фаза, директно ќе се кредитираат најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци.
Износот на кредитот за кој ќе може да аплицираат претпријатијата  зависи од бројот на вработени. Претпријатија до 10 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 5.000 евра, претпријатија од 11 до 50 вработени,  ќе може да аплицираат за износ до 15.000 евра, а оние од  51 до 250 вработени за износ до 30.000 евра. Најниската сума за којашто може да се аплицира е 3.000 евра.
Next Post

Во Србија регистрирани 73 нови случаи и три нови жртви, вкупно заразени 457 лица

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk