ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија регистрирани 73 нови случаи и три нови жртви, вкупно заразени 457 лица

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ кажа дека денес е тежок ден за Србија, бидејќи во еден ден се регистрирани три смртни случаи, затоа што синоќа починале две лица, К.С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар во Белград и П.Б (62), која бил хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш, додека непосредно пред прес-конференцијата, во Белград од коронавирус починала особа на 48-годишна возраст. Со тоа билансот на починати лица од коронавирус се искачи на 7 лица

March 26, 2020 18:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија во изминативе 24 часа, од 295 новотестирани, позитивни на коронавирусот биле 73 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 457 лица, изјави на денешната владина прес конференција директорката на Институтот за јавно здравје „Батут“ Верица Јовановиќ.

Во последните 12 часа хоспитализирани се 47 заболени, а вкупно 25 лица кои се водат како тешки случаеви ставени се на респиратор.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ кажа дека денес е тежок ден за Србија, бидејќи во еден ден се регистрирани три смртни случаи, затоа што синоќа починале две лица, К.С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар во Белград и П.Б (62), која бил хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш, додека непосредно пред прес-конференцијата, во Белград од коронавирус починала особа на 48-годишна возраст. Со тоа билансот на починати лица од коронавирус се искачи на 7 лица.

На прес конференцијата беше кажано дека во Србија досега најмногу заболени има во Белград-177 лица, Ниш има 40 заразени граѓани, како и Ваљево, додека според вчерашните податоци Нови Сад има 21 заразени лица, Чачак 13, Крагуевац има 12 лица со потврден коронавирус, Крушевац и Чуприја имаат по 10 лица, а во Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево имаат помалку од 10 потврдени случаи.

Сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мораат да бидат сместени на Белградскиот саем, изјавија епидемиолозите на прес конференцијата, напоменувајќи дека тој нема да биде колективен центар.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во наредните 24 часа по препорака на лекарите треба да одлучи дали Белград, Ниш и Ваљево ќе ги затвори поради големиот број на заразени лица.

Тој најави дека државата наскоро ќе излезе и со предлози за мерки за помош на приватниот сектор.

Во Србија во моментов има 67.000 работници кои се на „чекање“ и оние кои не работат, а околу 168 компании престанаа со производство поради пандемијата на коронавирус, изјави директорот на Секторот за стратегиска анализа на Стопанската комора на Србија, Михаило Весовиќ.

Next Post

Во Словенија регистрирани 36 нови случаи на коронавирусот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk