Огромен придонес во дневното темелно и масовно информирање на јавноста во врска со коронавирусот имаат токму граѓаните. Имаме граѓанство кое уште еднаш покажува дека може да биде на највисоко ниво на одговорноста и да учествува во оваа заедничка, општествена, национална борба за здравјето на секој од нас, напиша Марјан Забрчанец на Фејсбук.
„Покрај институциите и медиумите, токму граѓаните се тие кои преку социјалните мрежи, преку личните контакти и преку “word of mouth” ги преземаат точните и релевантни информации, ги репродуцираат или шират со цел мерките и препораките за превенција и санација да стигнат до секого.
Можеби е реткост, но факт е дека конечно во македонското оштество точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните.
Токму граѓаните се тие кои први им свртеа грб на лажните вести. Граѓаните ги препознаа и ги одбија дезинформациите и дадоа целосна поддршка на институциите кои секојдневно имаат директна и постојана комуникација со јавноста.
https://www.facebook.com/zabrcanec/posts/10159495758376754
Ова е време на загриженост, криза и страв, а нашите граѓани трезвено и рационално не дозволуваат оваа криза да премине во паника. Имаме уште многу во борбата пред нас, но со посветеност, претпазливост и со здружени сили на институциите и на граѓанството, ќе го спасиме нашето општество од фатални последици и ќе се кренеме уште посилни во нови предизвици.
Благодарност до сите граѓани кои имаат активна улога во споделувањето на информациите кои ги емитуваат институциите со цел заштита на јавното здравје“ напиша Забрчанец.