СО ЦРНИ ПАРИ и лажни вести, порталите на Груевски и Мицкоски дејствуваат против македонските национални интереси. На сите им е јасна трансверзалата Орбан-Груевски-Мицкоски и нивното дејствување преку медиумите (партиски гласила е поточен назив). Згора на сѐ, продукцијата на лажни вести се прави со црни пари. Да фрлиме светлина на оваа мрачна тема и да разјасниме неколку важни аспекти од политичко-медиумското и подземното дејствување против македонските национални интереси.
ПОЛИЦИСКИ час прв обид – Пет-шест бабачковци и јас. За време на полицискиот час Јане Ѓорѓиоски во негов раскажувачки стил, во обид да ја долови атмосферата во градот, да види дали на некого му е потребна помош, дали службите си ја вршат својата работа.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Велес Аце Коцевски и сопругата која е лекарка и била во контакт со заболен, се во самоизолација.
ИМАМЕ свесни граѓани, после подолго време точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните, констатира Марјан Забрчанец.
ВЛАДАТА на вчерашната седница, одлучи да не важи „викенд“ полицискиот час од 16 до 5 часот за земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури.
КРАТЕЊЕТО на платите на администрацијата не е добра вест, но тоа e реалноста. Јас како претседател на СДСМ не се откажувам. И ние во партијата имаме различни мислења и тоа е легитимно. Но, дефинитивно ако политичките партии сакаат да бидат одговорни партии, како што се фалиме со добрите вести, така и неблагопријатните вести треба да им ги соопштуваат на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на Националниот телевизски сервис.
ДРЖАВНИОТ секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
ВО секој случај во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси, истакна министерот Манчевски.
ЗАБРАНАТА за влез и излез од Куманово се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз, економските оператори можат да обезбедуваат сопствен контролиран превоз, одлучи Владата.