ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четири новозаболени од корона вирус во Прилеп, вкупно шест

Градоначалникот Јованоски апелира на смиреност на граѓаните

March 27, 2020 19:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА

Откако Министерот за здравство, Венко Филипче, ги потврди четирите нови случаи на лица заболени со корона вирус, нивниот број во општина Прилеп се зголеми на шест.

Тоа на денешната прес конференција го констатира и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој во своето обраќање апелираше да не се шират паника и дезинформации, да прекинат „жигосувањата“, бидејќи секому може да му се случи да биде инфициран од оваа заразна болест.

„Мора сите да бидеме свесни и единствени, само така можеме да ги откриеме сите потенцијално инфицирани лица. Треба сите да бидеме што повеќе изолирани во своите домови, да не излегуваме, бидејќи тоа е најдобриот начин да не бидеме зафатени од коронавирусот. Уште еднаш до нашите сограѓани сакам да упатам апел за смиреност, за спокојство. Да оставиме здравствените работници да си ја завршат својата работа. Ги охрабрувам и нив, ја разбирам и нивната растревоженост, бидејќи ова што ни се случува не е нешто секојдневно. Но сето ова мора заедно да го издржиме, зошто само така ќе ја победиме пандемијата“, им порача градоначалникот Јованоски на граѓаните на општина Прилеп.


Јованоски потенцираше дека Општинскиот кризен штаб е во перманентно заседавање и секојдневно презема нови мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Во таа смисла, денеска на сите матични лекари и стоматолози им се испорачуваат штитници за лице, а порачана е нова количина на скафандери за заштита на медицинскиот персонал во здравствените институции. Исто така, во соработка со јавните претпријатија се врши дезинфекција на влезовите во зградите, во деновите од викендот повторно ќе бидат дезинфицирани главните и споредните улици, а на влезовите во градот ќе бидат поставени таканаречени „речни корита“, со течност за дезинфекција на сите возила кои од другите градови доаѓаат во Прилеп.

„Од вкупно земените 20 брисеви во текот на вчерашниот ден, 4 се позитивни на коронавирус, а 16 се негативни. Од нив, едно е дете на 9годишна возраст, две се женски лица на возраст од 35 години и едно машко лице од 36 години. Епидемилошката служба работи на изнаоѓање на поврзаноста на случаите. Токму тоа е нивната задача, да се најде изворот на заразата. Можам само да потврдам дека детето и неговата мајка кои се инфицирани со коронавирус, се во фамилијарно сродство со претходно потврдените два случаи. Анкетирани се сите оние кои биле во примарен и секундарен контакт со потврдените случаи на заразени со Ковид 19.

Од понеделникот, за прв пат почнаа да работат 14 пунктови за тестирање за коронавирус на територијата на Република Северна Македонија, а еден од тие пунктови е во општина Прилеп и се наоѓа во просториите на Центарот за јавно здравје. Закажувањето е преку матичен лекар, на ‘Мој термин’. Досега беа дозволени само 7 брисеви во текот на едно деноноќие. Меѓутоа, како што се променува состојбата, со потврдувањето на нови позитивни случаи на заразени со коронавирус, бројот на дозволените брисеви по епидемиолошка индикација полека се зголемува“, информираше директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска.

Директорката Николоска потенцираше дека е негативен тестот на синот на брачната двојка, на кои вчера им беше утврдено дека се позитивни на коронавирус и кои од вчера се наоѓаат во Инфектолошката клиника во Скопје.

Во врска со четирите нови случаи на инфицирани со вирусот Ковид 19, Николоска соопшти дека сите се во добра здравствена состојба и моментално се во домашна изолација.

Драги Богојески, директор на Општата болница „Борка Талески“, рече дека Инфективното одделение од прилепската болница е спремно да прифати пациенти со средна клиничка слика на болеста, или пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирусот.

„Инфективното одделение, со соодветни капацитети е спремно да прифати во доволен број пациенти кои се со средна клиничка слика, а имаме и резервен капацитет од 8 кревети, ако се случи да имаме поголем број заболени. Знаете дека претходно имавме двајца пациенти, кои се однесени во Инфективната клиника во Скопје. Согласно препораките, Инфективото одделение ќе ги третира средно тешките, односно средно лесните форми на заболени, додека пациентите со лесна клиничка слика остануваат на домашно лекување“, изјави Богојески.

Директорот Богојески рече дека во овој момент ниту еден здравствен работник од прилепската болница не е заболен од коронавирус и дека засега болницата нема потреба од дополнителен број на медицински персонал.

Next Post

Брнз: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија како земја што придонесува во Алијансата

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk