ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ со соопштение до јавноста: Обезбедени се бескаматни кредити за компаниите погодени од кризата, време е за солидарност и меѓусебно помагање

СДСМ како одговорна партија водена од интересите на граѓаните и државата, веќе предложи низа мерки за справување со економските последици од корона вирусот.

March 27, 2020 09:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
За кризата побрзо се надмине потребни се уште посилни и уште поефикасни економски мерки, насочени кон заштеда и поголема помош за граѓаните, затоа СДСМ излезе со низа мерки како да се справи економскиот систем со ударот од пандемијата.

„Соопштение за јавност
Државата, институциите остануваат посветени на спречување на ширење на корона вирусот, но и намалување на негативните ефекти врз економијата.

СДСМ како одговорна партија водена од интересите на граѓаните и државата, веќе предложи низа мерки за справување со економските последици од корона вирусот.

Владата веќе ги донесе првите мерки кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните и стопанството полесно да се справат со штетите предизвикани од корона вирусот.

Развојната банка на Северна Македонија веќе објави јавен повик за доделување бескаматни кредити на микро, мали и средни претпријатија погодени од кризата. Компаниите ќе имаат можност да добијат бескаматен кредит од 3 до 30 илјади евра со грејс период од 6 месеци.

Со Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, се олеснува финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради корона кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

Извршителските дејствија се ставени во мирување до 30 јуни.

За кризата побрзо се надмине потребни се уште посилни и уште поефикасни економски мерки, насочени кон заштеда и поголема помош за граѓаните.

Потребно е солидарно намалување на платите на функционерите, министрите, раководителите, градоначалниците, директорите и на вработените во јавниот сектор на 14.500 денари во месеците април и мај.

Претседателите и членовите на Советите во општините и претседателите и членовите на Управните и Надзорните одбори на институциите да не земаат надоместоци за месеците април и мај.

Сите средства од оваа заштеда да одат во фонд за справување со кризата од каде ќе им се помага на работниците и стопанството.Време е за солидарност и меѓусебно помагање. Само така побрзо ќе се надмине економската криза која е последица на корона вирусот.“ – пишува во соопштението од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Next Post

Банките многу скоро со информации на веб-страниците за олеснување на договорните услови за кредитите

НАЈНОВО

Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

August 27, 2025

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk