ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со чартер летови денеска ќе се вратат затекнатите граѓани од Хрватска и Малта

Државниот секретар во МНР Зоран Попов вчера информира дека на повикот на МНР, што траеше до 22 март во 18 часот, за организирано враќање во земјава се пријавиле вкупно 5.250 македонски граѓани. Од нив, 2.900 се изјасниле дека сакаат да се вратат и прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и да ја платат цената на чинење на авио-билетот

March 27, 2020 09:51
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

Со чартер летови од Загреб и од Ла Валета во Малта, денеска почнува враќањето во земјава на дел од македонските граѓани затекнати во странство.

Државниот секретар во МНР Зоран Попов вчера информира дека на повикот на МНР, што траеше до 22 март во 18 часот, за организирано враќање во земјава се пријавиле вкупно 5.250 македонски граѓани. Од нив, 2.900 се изјасниле дека сакаат да се вратат и прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и да ја платат цената на чинење на авио-билетот.

Двата денешни чартер лета ќе бидат со авиони на авиокомпанијата Визер, која го доби тендерот преку јавниот повик што го упати Генералниот секретаријат на Владата, а во кој единствен услов беше најниска цена на чинење на летот.

– Цената зависи од капацитетот и пополнетоста на авионот. Добиената цена по јавниот повик се дели со бројот на патници во авионот. За Загреб имаме Airbus со 230 седишта, до сега се пријавени 226 граѓани, а за Ла Валета имаме 147, Airbus320 со 180 седишта, појасни Попов.

Најголем дел од затекнатите македонски државјани се во Европа, но има и во прекуокеанските земји.

– Се работи за 350 барања од Северна Америка, Јужна Америка, Австралија, Азија и Африка. Ова е покомплицирано, правиме напори во соработка со соседните земји и држави членки на ЕУ, земји кои испраќаат летови да ги соберат своите граѓани од тие дестинации, да се организираме за заеднички специјален лет и преговорите течат во моментот. Правиме сè што е во можност да ги извлечеме и тие наши граѓани. Во моментот приоритетот е на Европа, 95% од вкупно пристигнатите барања, 4.850 од вкупно 5.200 се однесуваат на Европа. Правиме се што можеме да ги извлечеме и нашите граѓаните на другите континенти, информира Попов.

Сите граѓани што ќе се вратат, без ислучок ќе одат веднаш во државен карантин и за тоа имаат дадена согласност.

Оваа акција, укажуваат од МНР, се однесува пред се на затекнатите наши граѓани во странство, а не и граѓаните на Северна Македонија кои имаат регулиран престој.

Next Post

СДСМ со соопштение до јавноста: Обезбедени се бескаматни кредити за компаниите погодени од кризата, време е за солидарност и меѓусебно помагање

НАЈНОВО

Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

August 27, 2025

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk