ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Заштитни средства има доволно, нема потреба од масовно тестирање на граѓаните

Во однос на пишувањата дека не се правеле доволно тестирања од коронавирисот, премиерот рече дека не може секој да кажува во државата, како и на кој начин ќе се прават тестовите.

March 27, 2020 20:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Средства за заштита има доволно. Имавме доволно количина и на маски и на раквици и на заштитна опрема и ги имаме и сега. Факт е дека тие маски, таа заштитна опрема  мора да се употребува според правилата,  според алгоритмите коишто ние ги имаме, информираше вечерва премиерот Опивер Спасовски во интервју за Канал 5 телевизија, прашан за тоа дека се пишувало дека недостасува заштитна опрема.

– Секој сега објавува на фејсбук или сака да направи  некаква сензација заради тоа што  во вакви кризи нема простор за профитерство. Кога зборувам за профитерство, зборувам и за оние  коишто сакаат економски да профитираат  и оние коишто сакаат да профитираат  во делот на политиката  и оние коишто сакаат да профитираат во делот на медиумите. Јас разбирма дека секој гледа нешто да  добие од оваа криза какок  профит. Тој што мисли  дека ќе профитира на грбот на здравјето на граѓаните  нема резултати, нема успех, истакна Спасовски.

Информираше дека очекуваат да добијат дополнителни средства од помош и донации кои се побарани од страна на Владата  и дека тие ќе пристигнуваат.

Во однос на пишувањата дека не се правеле доволно тестирања од коронавирисот, премиерот рече дека не може секој да кажува во државата, како и на кој начин ќе се прават тестовите.

-Пристапот на македонското здравство во справувањето со овој вирус  е врз основа на сето она што се носи  како одлука на Комисијата за заразни болести. И затоа има посебни алгоритми  коишто се дадени од СЗО  во делот на тестирањето. Се прават тестирања и се прави поголем скрининг  и се зголемвуа обемот на тестирање  таму каде што навистина имаме потреба од тоа да го правиме. Тестови набавуваме и тие се испорачуваат  така како што има потреба. Значи државата има тестови и има капацитети, истакна Спасовски.

Појасни дека се окрупнуваат и капацитетите на лабораториите бидејќи во моментов се ограничени.

– Затоа ги соединуваме лабораториите коишто можат  да помогнат.  Приватните се вклучуваат.  Клиниката Жан Митрев се вклучи . Се вклучуваат и други. Тие прават тестови и сега не се на сметка на Фондот,  меѓутоа сите резултати ги прибираат заедно во Министерството, појасни премиерот Спасовски и додаде дека е многу е важно да не ни се случува тоа што се случува кај многу од државите да  влегувме во масовен скрининг,  да не се покажуваат позитивни тестови на  одредени граѓани  за да по неколку дена заради тоа што требало да помине неколкуи дена за инкубација,  да се појавуваат позитивни случаи коишто  ќе можат да го шират вирусот.

Next Post

21: Честитки за членството во НАТО, Карпош со најмногу забоелени од корона вирус, артилериска стрелба по повод приемот во НАТО

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk