Столтенберг: Добредојде во НАТО Северна Македонија. Знамето на Северна Македонија ќе биде истовремено подигнато и пред седиштето на Заедничката команда во Монс, Белгија и Сојузничката команда во Норфолк во САД.
Помпео: Северна Македонија стана 30.членка на НАТО, на 30 март пред седиштето ќе почне да се вее знамето на земјата.
Османи: Ова е историско достигнување за сите генерации, во иста недела станавме членки на НАТО и добивме датум за преговори со ЕУ.
Пендаровски: Земјата сега не е само дел на голема воена алијанса, туку и на системот за размена на информации. -ЕУ е комплементарен дел од таа двојна агенда, но НАТО е несомнено поважната работа во моментот, оцени Пендаровски посочувајќи дека НАТО веќе одигра голема улога во Северна Македонија, особено во 2001 година и етничкиот конфликт со албанската заедница.
Брнз: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија како земја што придонесува во Алијансата.
Димитрoв: Од денес сме 30. земја членка на НАТО, признание и благодарност до македонските граѓани.
Артилериска стрелба по повод приемот во НАТО.
Албанските медуми: Нашиот сосед и пријател Северна Македонија и официјално членка на НАТО.
Спасовски: Мора да се научат фирмите и сопствениците дека не секогаш е најважен профитот, некогаш треба да се општествено одговорни.
МНР организираше враќање на 169 македонски граѓани од Хрватска.
Детален приказ на општините во Скопје: Во Карпош најмногу дијагностицирани со корона вирус. Од Карпош се 27 лица, од Гази Баба 20, од Кисела Вода 20, од Центар 20. Има 11 лица кои се од друг град но живеат во Скопје, 11 се од Ѓорче Петров, 8 од Аеродром, 7 од Сопиште, 4 од Бутел, 3 од Чаир, двајца од Илинден и еден странец, информира Институтот за јавно здравје.
Најлош ден во Италија, починаа 969 лица. Најтешка е ситуацијата во регионот Ломбардија, каде во последните 24 часа починаа 541 лице.