ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одложување на наплатата на кредитите до шест месеци од банките, олеснувања и за брзите кредити

March 28, 2020 08:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одложување на отплатата на обврските по кредитите до шест месеци, понудија банките и штедилниците за граѓаните поради кризата, а олеснувања за отплата најавуваат и нефинансиските друштва и за оние граѓани што имаат брзи кредити.

По донесувањето на Уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите, донесена со цел надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација, сите банки подготвуваат услови што ќе им понудат на своите клиенти, дел од нив веќе ги објавија, а дел чекаат да се објави уредбата во Службен весник, а потоа да ги објават деталите. Упатуваат дека за физичките лица понудата ќе биде објавена на нивните веб-страници.

Од НЛБ банка понудата е одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година. На клиeнтите им се нуди и опцијата рефинансирање на постојните кредити, одобрување нови кредити со можност за користење грејс-период или редовна отплата на постојните кредити по избор на клиентот.

За правните лица имаат неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно. Одложување на отплатата на кредитот од три до шест месеци заклучно со 30.9.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите што се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

Шест месеци одложување на наплатата на ненаплатени кредитни обврски за кредитните производи на физичките лица нуди и Халкбанк. Одлуката на оваа банка е оваа можност да им ја понуди на сите физички лица, клиенти на банката, кои по која било основа немаат ненаплатени кредитни обврски подолго од 90 дена на 29 февруари 2020 година. Одлагањето се однесува на отплата на кредитните обврски за кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка за период од шест месеци и продолжување на рокот на крајното достасување на обврските за дополнителни шест месеци.

Ваквото одложување може да го користат сите што немаат нефункционални кредити, заклучно со 29 февруари 2020 година, а редовната камата што ќе биде пресметана за одложениот период ќе биде достасана на крајот на грејс-периодот и ќе биде договорно регулирана.

Сите што не ја прифаќаат понудата за одложување треба да ја информираат банката за тоа, доколку не комуницираат со банката и не се изјаснат негативно на оваа понуда, таа ќе се смета за прифатена.

Мерката за одложување важи до 30 септември 2020 година.

Од новонастанатата ситуација предизвикана на коронавирусот се засегнати и имателите на брзи кредити од финансиските институции, од каде најавуваат дека се подготвени да излезат во пресрет на потребите и барањата на клиентите.

– Во исклучително тешки околности во економијата предизвикани со пандемијата од Ковид-19, имајќи предвид дека нашите клиенти се соочуваат со тешкотии за исплата на кредити, членките на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија се подготвени да излезат во пресрет на потребите и барањата на клиентитe кои се соочуваат или во иднина ќе се соочат со тешкотии за отплата на своите обврски по кредити, велат за МИА од Асоцијацијата. 

Оттаму посочуваат дека во тек е подготовката на услуги што ќе им обезбедат олеснување на околностите кај нејзините членки, а дека некои од нив веќе дале понуди за своите клиенти.

АФД ги повикува граѓаните и клиентите на финансиските друштва да ги ползуваат придобивките на дигиталните технологии со кои располагаат финтек-компаниите во нашата земја и да го преферираат дигиталниот начин на извршување на своите активности, а посетите на филијалите да ги сведат на минимум.

Посочуваат дека продолжуваат посветено да работат на испорачување на највисокото ниво на квалитет на услугите и корисничка грижа за клиентите, останувајќи одговорни кредитори и во овие отежнати околности за сите нас.

Од Иуте кредит наведуваат дека како финансиска институција што на прво место го става корисничкото право, овозможуваат одложување на уплатата на ратите за кредит. Ова, како што наведуваат за МИА, е регуларна услуга што ја нудиме и пред настанување на оваа несакана ситуација предизвикана од коронавирусот, што ги иницираше препораките на Владата кон деловните банки, кои, пак, се различно толкувани од јавност.

Потенцираат дека Иуте кредит како небанкарска финансиска институција и без истите веќе нуди можност за одложување на плаќањето на ратите за кредит и согласно својата деловна политика ќе продолжи и понатаму да ја нуди оваа поволност за да остане во пресрет на своите клиенти.

Дополнително, додаваат, за сите клиенти кои имаат тешкотии во сервисирање на ратите, исто така нудиме можност за промена на амортизацискиот план и продолжување на рокот на отплата, односно можност за рефинансирање согласно нивната историја.

Заради заштита на здравјето и условите за егзистенција на клиентите во овој период наведуваат дека го адаптирале и своето работење 24/7 преку дигиталните канали и во нивните експозитури почитувајќи ги препораките на Владата и нудејќи услуги и поддршка во финансиска сигурност на клентите.

За одложено плаќање на овие кредити започна петиција и Граѓанската иницијатива АВАЈА.

Од АВАЈА сметаат дека коронавирусот и вонредната состојба ги погодија граѓаните кои се најсиромашни и тие не може да ги плаќаат сметките, да обезбедат храна за семејството, како и да ги плаќаат ратите од кредитите кон банките и другите небанкарски институции како Кредисимо, Тиго, М-кеш, Иуте, Форца, Хоризонти, Можности и многу други.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На 30 март македонското знаме пред седиштето на Алијансата

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk