ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каде одат бездомниците за време на полицискиот час?

Бездомниците немаат дом и секако не би требало да бидат казнувани доколку бидат затекнати на отворено за време на полицискиот час, но од МВР, МТСП и Црвен крст на Град Скопје велат дека постојано ги советуваат да не се мешаат меѓу луѓе, да не се групираат и да се засолнат. 

March 29, 2020 18:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бездомниците кои се пресретнати од полициските патроли за време на полицски час, се носат во Чичино село, доколку се согласат. Од Министерството за труд и социјална политика за Фронтлајн велат дека во Чичино село сè е наместено според пропишаните мерки и правила за превенција од корона вирусот од страна на Владата, леглата (душеците) кои се повеќе од 20, се распоредени на растојание од два метри.

Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека, како последна алка во спроведувањето на мерките, во соработка со  МТСП, ги извршуваат зададените должности и доколку некои од бездомниците се согласат да заминат во засолниште, полициските патроли ги носат.

Од МВР, МТСП и Црвен крст на Град Скопје велат дека постојано ги советуваат бездомниците да не се мешаат меѓу луѓе, да не се групираат и да се засолнат, пособно во услови на глобална пандемија.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје за Фронтлајн вели дека патролите на Црвен крст секојдневно прават обиколка низ градот и ѝм носат прибор и средства за лична хигиена, дезифициенси, ракавици и други неопходни производи на бездомните лица, но исто така носат ќебиња, перници и други потребни работи во засолништата каде се сместуваат за време на полицискиот час. Според Црвен крст, за бездомниците има сместувачки капацитет од 13 легла и во поранешниот дом за малолетници „Ранка Милановиќ“.

„Просториите се опремени според пропишаните правила. Има 13 легла (душеци) во „Ранка Милановиќ“ и околу 20 во Чичино село. Сите легла се наместени на пропишаното растојание од два метри. Припадниците на МВР кога навечер патролираат, откако почна полицискиот час, според базата на податоци на Црвен крст на Град Скопје, ги лоцираат и ги носат во двата споменати дома“, вели за Фронтлајн, Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје.

Поранешен дом за малолетници „Ранка Милановиќ“

Покрај тоа што ѝм носат потребни производи, од Црвен крст на Град Скопје исто така ги едуцираат, и советуваат бездомниците, согласно најновите владини мерки.

„Ѝм велиме да не се мешаат меѓу граѓани, да држат пропишана дистанца, редовно да се мијат и да се чуваат и самите“, вели Тунева Пауновска.

Во изјава за Фронтлајн, координаторката на одделот за бездомници Драгана Лазаревска вели дека пунктот во Момин поток работи стандардно, во среда и петок, кога бездомниците доаѓаат да јадат, да се искапат и да им биде извршен лекарски преглед.

„Пунктот за бездомници работи како и вообичаено, среда и петок. Во среда бездомните лица од Скопје и околината доаѓаат во пунктот во Момин поток да јадат. Јадат на пропишано растојание од два метри раздалеченост, на отворено, бидејќи просторијата во која се служи храна не е доволно голема за да ги задоволи пропишаните мерки на Владата. Во петоците се капат и им се врши лекарски преглед. Со оглед на периодот на корона вирус, во Пунктот кој има машки и женски дел нема услови за преспивање затоа што креветите во женскиот дел се претежно на спрат (bunk bеds), а тоа е против мерките за заштита од вирусот Ковид 19.“, вели за Фронтлајн, координаторката на Одделот за бездомници при Црвен крст Скопје, Драгана Лазаревска.

Пункт за бездомници Момин поток

Од Црвен крст на Град Скопје велат дека пунктот во Момин поток го отвораат за преспивање кога температурите надвор се ниски, но дека не е исклучено пунктот да биде отворен за оваа намена доколку се јави потреба за тоа.

Инаку од овој викенд, полицискиот час почнува во 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

Ивана Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Глумицата Ана Костовска на ФБ: Муабетот ми е дека прв пат откако сево ова почна, почувствував дека некоја умна глава и топло срце просудува и носи одлуки

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk