ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Глумицата Ана Костовска на ФБ: Муабетот ми е дека прв пат откако сево ова почна, почувствував дека некоја умна глава и топло срце просудува и носи одлуки

Трети ден се наоѓам во хотел „Ибис“ во центарот на Скопје, во т.н. државен карантин. Ќе бидам тука уште (14-3) 11 дена, сама, во удобна и опремена соба, тв, интернет, сет на средства за чистење, маски, гел, три оброци дневно, секојдневно мерење на температура, дозвола да ми се донесат работи кои ми недостасуваат.

March 29, 2020 18:38
in ПАНДЕМИЈА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Актерката Ана Костовска, која по влегувањето во земјава, се наоѓа во таканарачен „државен карантин“, со долг статус на Фејсбук објасни како поминала низ целата процедура на враќање дома.

„Дечки, конечно добив машина и можам на раат да напишам што имам на ум, а можеби некому ќе биде од полза, да донесе одлука или да процени во врска со прашања кои сите нѐ засегаат.

Трети ден се наоѓам во хотел „Ибис“ во центарот на Скопје, во т.н. државен карантин. Ќе бидам тука уште (14-3) 11 дена, сама, во удобна и опремена соба, тв, интернет, сет на средства за чистење, маски, гел, три оброци дневно, секојдневно мерење на температура, дозвола да ми се донесат работи кои ми недостасуваат (со забрана за алкохол, fast food итн). Така јас денес добив лаптоп, слатки, овошје, сокчиња, дури и една кока-кола (имам син како добар син, а и брат, тешко кој го нема, Боже чувај ги и сите вас што ве знам и што не ве знам)…

Заборавам на сѐ лошо во земјичево наше и ми навираат само убавите работи, луѓе, места, води и планини… Нејсе, патувањето од Белград до Табановце беше стресно, ризично, неизвесно. Имав гаранција од релевантен фактор дека на граница ќе потпишам самоизолација и ќе ме пуштат дома, но информацијата беше погрешна, односно, со оглед на тоа дека работите се менуваат од саат во саат, очигледно беше сменета. Заправо, од пред, еве, три дена, нема мозност за САМОИЗОЛАЦИЈА, туку се оди во ДРЖАВЕН КАРАНТИН…

Приказните околу тој фамозен државен карантин, кои ги слушав во Србија, а пратев и што се случува во мкд, беа застрашувачки – стационар, кампови, логори, од страшно пострашно…Неколкуте саати кои ги поминав на граница во мала просторија (со мене беше Влатко од Велес, со слична авантура како и мојата), беа мачни, не ни кажуваа каде ќе нѐ водат, но имаа милост да не нѐ заклучат. „Кај ќе бегаме бе дечко…биди реален“?

Кога нѐ истоварија пред хотел у центар на Скопје, планина ми се симна од плеќите. Кога ја видов екипата која нѐ пречека на влезот, опремена, љубезни гласови зад маските, гледаш во очите дека се озбилни, но сочувствителни… Инструкции и права и обврски. Срдечен поздрав и до гледање. Секој ден ни се мери температура.

Муабетот ми е дека прв пат откако сево ова почна, почувствував дека некоја умна глава и топло срце просудува и носи добри одлуки. Бев спремна да поднесам многу полоши услови, само да дојдам што поблиску до моите најблиски, ќе издржав и камп и не знам што… Но, ова е за мене потврда дека можам да верувам на планот на одговорните во градов и државава. Тоа луѓе, чувајте се… се гледаме, нели.“ – напиша Костовска на ФБ.

 

Next Post

Детектор: Над 80% од граѓаните задоволни од работата на Филипче

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk