ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

18: Македонското знаме од денес гордо се вее пред НАТО, реализација на децениски стремеж, честитки од независната група на ДПМНЕ, шетање миленици и во полициски час, Орбан ќе владее со декрет

Вестите до 18,00 часот.

March 30, 2020 17:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЗНАМЕТО на Северна Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

КОМЕРЦИЈАЛНА банка одобрува грејс период од шест месеци за кредитните производи на физички лица, пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитите за шест месеци, како и автоматско продолжување на рокот за користење на дозволеното пречекорување до 30. септември годинава.

ЗАЕВ: Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме.

ТОДОРОВ: Пристапувањето во НАТО триумф на Владата, но и на целото македонско општетство.

ВО државен карантин во хотелот Молика на Пелистер, капацитет во сопственост на АД ЕСМ, ноќта меѓу саботата и неделата 28 и 29 март се сместени 76 граѓани вратени со чартер лет од Меминген, Германија.

СПАСОВСКИ: Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја од нејзината независност до денес. Знамето на Република Северна Македонија денеска гордо се развиори во кругот на знамињата на семејството сојузници на НАТО. Патот беше долг, но наградата што пристигна денеска со погледот на знамето на нашата земја во седиштето на НАТО во Брисел ја заслуживме. Бидете горди почитувани мои сограѓани.

ЗА време на викендите, додека трае полицискиот час, сопствениците ќе може да ги прошетаат своите миленици но, строго од 20,00 до 20,30 часот и најмногу до 100 метри оддалеченост од зградите во кои живеат. Притоа, не смеат да се групираат.

ВО Прилеп денеска во функција беа ставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот.

НЕЗАВИСНАТА пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија на сите граѓани им го честита официјалното станување 30 земја членка на НАТО.

МАНЧЕВСКИ: Бројот на вработени во органите на државната власт во 2019 година изнесувал 16.522 лица, наспроти вкупната бројка, како што рековме 132.900. Тоа значи дека со статус на јавна администрација се овие 16.522 лица.

ШЕКЕРИНСКА: Ова историско достигнување е резултат на тешки одлуки и години посветеност и реформи кои би биле невозможни без целосната поддршка од нашите граѓани.

УНГАРСКИОТ Парламент изгласа владеење на Виктор Орбан со декрет за време на борбата со ширењето на корона вирусот, со што на популистичкиот лидер му се даваат дополнителни овластувања и моќи за самостојно да носи одлуки и мерки.

КОНЦЕРТНАТА сала Ахој во Ротердам, во која во мај требаше да се одржи натпреварот за песна на Евровизија  ќе се претвори во болница за лица заразени со корона вирусот во Холандија.

 

Next Post
Архивска фотографија од герила акција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 2020 г.

Постои ли навигациска апликација која ќе го „прибере“ Мицкоски?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk