Унгарскиот Парламент изгласа владеење на Виктор Орбан со декрет за време на борбата со ширењето на корона вирусот, со што на популистичкиот лидер му се даваат дополнителни овластувања и моќи за самостојно да носи одлуки и мерки.
Предлог законот беше критикуван од меѓународните органи за човекови права, бидејќи дозвoлува распуштање на Парламентот, казни за новинари за кои Владата верува дека неточно известуваат за пандемијата, како и поголеми казни за непочитување на мерките за карантин.
Додека е на сила декретот во Унгарија, не смее да има избори или референдуми.
Предлогот беше усвоен од Парламентот во понеделникот, со 138 гласа ЗА и 53 ПРОТИВ. За овој предлог потребно било двотретинско мнозинство.
А. Н. С.
Извор: CNN