ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шетање миленици и во полицискиот час за викенди од 20,00 до 20,30 часот, најмногу на 100 метри оддалеченост од местото на живеење

Ветеринарната комора во саботата за МИА информираше дека доставила официјално барање до Владата за измена на Уредбата. Притоа нагласи дека шетањето на милениците треба да се дозволи, но во строго дефинирани услови и време.

March 30, 2020 16:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

За време на викендите, додека трае полицискиот час, сопствениците ќе може да ги прошетаат своите миленици но, строго од 20,00 до 20,30 часот и најмногу до 100 метри оддалеченост од зградите во кои живеат. Притоа, не смеат да се групираат.

Ова се измените на Уредбата за ограничено движење, донесени денеска на владина седница, а ги соопшти попладнево на Твитер премиерот Оливер Спасовски.

– На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20,00 до 20,30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, напиша Спасовски на Твитер.

Ветеринарната комора во саботата за МИА информираше дека доставила официјално барање до Владата за измена на Уредбата. Притоа нагласи дека шетањето на милениците треба да се дозволи, но во строго дефинирани услови и време. Како што изјави претседателот на Комората, Томислав Николовски, во вонредна состојба поради корона вирусот кога здравјето на граѓаните е најбитно, не смее да се занемарат и потребите на животните. Секоја промена во нивните навики, посебно на милениците кои се чуваат во станови, предизвикува дополнителен стрес.

Одобрување милениците да се шетаат и за време на полицискиот час, бараа и здруженијата за заштита на животните во земјава. 

На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање.

— Oliver Spasovski (@o_spasovski) March 30, 2020

Next Post

Заев на ФБ: Денеска е голем ден за нашите граѓани, за нашата татковина

НАЈНОВО

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk