ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се кратат дополнителни непродуктивни расходи од Буџетот

Нина Ангеловска информираше дека заштедата во Буџетот од намалувањето на платите на функционерите на минимален износ од 14.500 денари за април и мај, мерка што беше најавена вчера, ќе изнесува околу 250 милиони денари.

April 1, 2020 11:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА

Има дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, покрај намалувањето на платите на функционерите и укинувањето на надоместоците за членовите на управни и надзорни одбори кои имаат приходи од друго место, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа информираше дека заштедата во Буџетот од намалувањето на платите на функционерите на минимален износ од 14.500 денари за април и мај, мерка што беше најавена вчера, ќе изнесува околу 250 милиони денари. Со мерката за укинување надоместоци за членови на надзорни и управни одбори за оние лица кои се во работен однос, односно добиваат приход и од друго место, заштедата е 250 илјади до 300 илјади евра на месечно ниво.

Како што најави Ангеловска, има и дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, а ќе бидат разгледани денеска на седница на Владата.

-Дополнително беше разговарано и во информацијата на Владата имаше предлог во вчерашниот пакет мерки да се намалат за 50 проценти авторските договори што ги имаат склучено институциите за вработените лица со приходи и од други места. Имаше и други предлози, во однос на исплата на прекувремени, дополнитени надоместоци и хонорари. Сето ова колку ќе чини во вкупен износ е потешко да се каже како груба бројка затоа што сите овие исплати од различни институции одат и од различни стакви, не значи дека одат само од ставката плати, туку и од договорни услуги и од други ставки. Во тој дел ќе биде предложено, сите овие ќе бидат ефектуирани  во предлогот за кратење на расходната страна, односно реалоцирање на тие средства каде што е потребно да се реализираат дел за мерките, а дел за дополнитено обезбедување и трошење во здравствениот сектор, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа на прес-конференцијата објави дека расходната страна на Буџетот ќе остане 3,9 милијарди евра и покрај предвидените зголемени потреби за здравствениот сектор, како и економските мерки кои ќе се преземаат со цел амортизирање на ударот врз економијата, но оти ќе се промени нејзината структура  со реалокации на буџетските ставки.

Next Post

Нема помор на врапчиња, а најмалку од „влијанието“ на 5Г мрежата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео на ВВС

Лидерите на Кина, Русија, Северна Кореја и Иран се собраа на голема воена парада во Пекинг како предизвик за Западот

September 2, 2025

Филипче: Работиме на документ за национален консензус, Европската интеграција не смее да биде жртва на дневната политика

September 2, 2025

ЗНМ и ССНМ бараат целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk