ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петмина кумановци обвинети за непостапување по здравствените прописи за време на епидемија

На сите петмина им е одредена парична казна од 100 дневни глоби.

April 1, 2020 12:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Илустрација полиција

Илустрација полиција

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, според Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, првиот обвинет на 19 март пристигнал од Хрватска, земја со среден ризик за ширење на заразната болест КОВИД-19. При влез во државата потпишал изјава дека ќе спроведе самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом, согласно мерките и препораките за спречување на ширењето на болеста.  Но, при извршена контрола од страна на полициски службеници, обвинетиот не бил затекнат во неговиот дом.

Во соопштението се наведува и дека три лица се обвинети за непостапување според здравствените прописи, откако не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на земјава.

-Обвинетите на 24 март, околу 22,15 часот заедно отишле во дом на друго лице од Куманово со кого имале претходни несогласувања. Обвинетите почнале вербална расправија, а потоа и физичка пресметка. Поради нарушување на јавниот ред и мир, биле повикани полициски службеници, кои го констатирале извршеното кривично дело од страна на обвинетите, соопшти кумановското обвинителство.

Заради непостапување согласно забраната за движење на населението на земјава, од Обвинителството во Куманово информираат дека во период од 21 до 5 часот, поднеле Предлог за издавање казнен налог за уште едно лице. Обвинетиот се движел пеш низ градот, со што не постапил според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест предизвикана од корона вирусот.

За стореното кривично дело, Обвинителството на Основниот суд во Куманово му предложил на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глови, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Next Post

Северна Кореја добива помош од СЗО

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео на ВВС

Лидерите на Кина, Русија, Северна Кореја и Иран се собраа на голема воена парада во Пекинг како предизвик за Западот

September 2, 2025

Филипче: Работиме на документ за национален консензус, Европската интеграција не смее да биде жртва на дневната политика

September 2, 2025

ЗНМ и ССНМ бараат целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk