ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Регистриран првиот случај на заразен од КОВИД-19 во Кочани,  мерките за заштита доследно да се почитуваат

Ризикот е помал доколку доследно се почитуваат упатствата и препораките на Министерството за здравство и Светската здравствена организација – соопшти градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

April 1, 2020 14:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Кочани е регистриран првиот случај на заразен со коронавирус во Кочани.

– Со жалење ја примив веста дека коронавирусот не ја изостави и нашата општина. Посакувам брзо оздравување на пациентот и повикувам сите одговорно и сериозно да се однесуваме и да придонесеме заразата да не фати големи размери. Ризикот е помал доколку доследно се почитуваат упатствата и препораките на Министерството за здравство и Светската здравствена организација – соопшти градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

Кочани е една од општините во кои континуирано се спроведуваат низа мерка. Од вчера  се затворени и седумте повеќенаменски игралишта во Кочани и во Оризари. По примерот на детските коишто не се  во употреба од 21 март, црвените ленти и краткото писмено соопштение поставени од општинските служби, ја означија забраната за користење и на повеќенаменските игралишта.

На седницата на Општинскиот кризен штаб, овие локации  беа посочени како критични собралишта на поголеми групи лица, поради што се побара Општина Кочани да ги затвори, а Полицијата позачестено да интервенира таму каде што има група поголема од пет лица.

Со тоа е спроведена една од двете нови мерки коишто ги определи Општинскиот кризен штаб за спречување на ширење на болеста КОВИД-19. Во тек се и подготовките за дезинфекција на возилата на трите сообраќајни влеза во Кочани. Кога ќе дозволат временските услови ќе се интервенира со механизација, со тоа што ќе се започне од сообраќајницата по која се движат возилата што доаѓаат од Штип, токму поради бројот на заболени што ги има во оваа соседна општина.

Next Post

Се изработува решението кое ќе бара законска измена со цел породилното отсуство да се продолжи

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk