ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка

Утре ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка, дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред, изјави Столтенберг.

April 1, 2020 11:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Преку видеоконференција утре ќе се одржи првиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој полноправно ќе учествува и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, утрово го најави дневниот ред на утрешниот министерски совет, кој за прв пат ќе се одржи преку безбедна видео врска помеѓу триесетте земји сојузнички на НАТО.

– Утре ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка, дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред, изјави Столтенберг.

Земјите членки на Алијансата утре во најголем дел ќе се фокусираат на координирање на помошта во борбата против пандемијата со корона вирусот и ќе бидат претставени мерките што НАТО и нејзините членки ќе ги преземат за време на кризата.

– Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благодариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, рече Столтенберг.

Како што објасни генералниот секретар и во интервју за МИА пред два дена, Алијансата помага, меѓу другото, преку пренесување и обезбедување медицинска опрема како маски или шатори за мобилни болници, но и преку взаемна поддршка на земјите членки. Па така, на пример, Турција испраќа карго авион со опрема во Италија и Шпанија, Германија презема пациенти од други земји во своите болници, а лекари патуваат да им помогнат на нивните колеги во странство.

– Доктори од Албанија и Полска отпатуваа да им помогнат на нивните италијански колеги. САД испрати медицинска опрема во Италија. Чешка донираше 20.000 заштитни одела во Италија и Шпанија, рече генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг изјави дека Северна Македонија, како најнова членка, исто така го користи системот за одговор на кризи на Алијансата за да се координира на владино ниво.

– Витална е помошта за цивилните напори, вклучително преку теренски болници, транспорт, обезбедување на граничните премини, утре кога ќе се состанат министрите ќе ги разгледаме начините на координација користејќи ги воените капацитети на НАТО, рече Столтенберг.

На утрешниот состанок, ќе се разговара и за зајакнување на одговорот на земјите на НАТО во справување со кризата со Ковид-19, но и за основните операции и мисии на Алијансата.

– Ќе разгледуваме како да ги искористиме воените капацитетите и структурата на НАТО, за да ја зголемиме и забрзаме нашата поддршка на националните одговори на Ковид-19, бидејќи сите заедно сме во оваа криза и нашиот заеднички одговор ќе биде поефективен. Клучната задача на НАТО, безбедноста и одбрана на над милијарда луѓе во светот, мора да се сочува и мора да се осигуриме дека оваа здравствена криза нема да прерасне во безбедносна криза, предупреди генералниот секретар.

Сојузниците утре ќе разговараат за борбата против тероризмот, мировниот план за Авганистан и помошта за Украина и Грузија.

Next Post

Бугарски пратеник позитивен на корона вирус, ќе се тестира цел Парламент

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk