ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сведоштво: Во Шведска нема забрани и казни, но сите ги почитуваат препораките за корона вирусот

Шведска е една од ретките европски држави што има различен пристап кон корона вирусот. Земјата досега нема ниту една забрана или рестрикција за движење на нејзините граѓани, границите се отворени, голем број фирми работат, јавниот транспорт функционира нормално, трговските центри и рестораните се отворени, а работат и училиштата и градинките

April 1, 2020 11:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ

Шведска е една од ретките европски држави што има различен пристап кон корона вирусот. Земјата досега нема ниту една забрана или рестрикција за движење на нејзините граѓани, границите се отворени, голем број фирми работат, јавниот транспорт функционира нормално, трговските центри и рестораните се отворени, а работат и училиштата и градинките.

Во моментов има 4.435 заразени, од кои 358 се на интензивна нега, а 180 се починати. Граѓаните засега добиваат само препораки, да внимаваат на своето здравје, почесто да седат дома и да се грижат за повозрасните роднини или соседи. Единственото ограничување што го направија шведските власти беше забраната за јавни собири со над 500 лица, која пред два дена се измени и бројката се намали на 50.

„Швеѓаните се многу дисциплиниран народ и имаат голема доверба во властите. Тие и самите знаат дека треба да внимаваат, тоа овде е вообичаено однесување и не е врзано само за актуелната пандемија на коронавирусот. Иако нема никаква забрана, ниту пак некој споменал казна, граѓаните ги почитуваат сите препораки“, вели Милка Костовска, Македонка која живее и работи во Гетеборг.

Во рестораните речиси и да нема никој, трговските центри работат со вообичаеното работно време, но не се преполни, а во маркетите сите внимаваат на дистанцата од еден или два метри. Препорачано е повозрасните да не излегуваат во јавност и да не се мешаат со помладите, а обврска на роднините или соседите е да им помогнат и да им однесат храна до врата. Иако границите се отворени, има препорака да не се патува. Секој треба да се грижи за своето здравје и доколку почувствува било какви симптоми, не само за корона, туку и за обична настинка, треба самиот да се стави во изолација од 14 дена.

Шведска ги затвори средните училишта и универзитетите, како и повисоките одделенија на основните школи и тие во моментов посетуваат онлајн настава. Најмладите до шесто одделение и децата од претшколска возраст имаат редовна настава и одат во градинка секој ден. За нив, посочува Костовска, нема никакви посебни услови или препораки. Не мораат да носат ниту маски, ниту ракавици, само родителите да внимаваат дали се здрави.

„Моите две ќерки, кои се трето и четврто одделение, тренираат ракомет. Салите се затворени и немаат натпревари, но редовно тренираат на отворено. Во градот ќе забележите многу малку луѓе со маски и ракавици. Сепак во маркетите или на шалтерите од неодамна беа поставени пластични прегради, заради заштита на вработените од клиентите. Јавниот превоз функционира нормално, само препорака е да не се влегува преку првата врата за да се заштитат возачите“, објаснува Костовска.

Шведските власти објавија и низа економски мерки, со кои првенствено ги заштитуваат најголемите компании. Во следните десет недели шест се неработни, а четири ќе се работат. Во неработниот период дел од платата ќе ја обезбеди Владата, а компаниите можат да изберат дали ќе работат секоја недела по ден или два или пак, ќе затворат на подолг период, во зависност од нивната дејност. „Волво“, каде што работи и Костовска, сите вработени ги испрати на платен одмор од шест недели и на работа треба да се вратат на почетокот на мај. Во моментов, вели таа, слични мерки за директна помош од државниот буџет се подготвуваат и за помалите фирми.

„Целта на шведските власти е да не ја затворат целосно целата економија, бидејќи јасно е дека последиците ќе бидат големи. Засега бројот на заболени е под контрола, а подрастични мерки ќе има доколку нагло се зголемува. Во моментов се води сметка да им се помогне на компаниите да не отпуштаат работници“, вели Костовска.

извор: МЕТА

Next Post

Ќе се кратат дополнителни непродуктивни расходи од Буџетот

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео на ВВС

Лидерите на Кина, Русија, Северна Кореја и Иран се собраа на голема воена парада во Пекинг како предизвик за Западот

September 2, 2025

Филипче: Работиме на документ за национален консензус, Европската интеграција не смее да биде жртва на дневната политика

September 2, 2025

ЗНМ и ССНМ бараат целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk