ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Дали видеото од насилството врз девојката во Штип е од пред 3-4 години и дали некој се обидувал да го прикрие бруталниот чин?

April 2, 2020 13:58
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото во кое гледавме како двајца насилници тепаат девојка, ја шутираат со нозе и ја тепаат со тупаници, а при тоа и се менуваат, кој да снима, ја потресе целата јавност. Набрзо по објавувањето на видеото проструи веста дека ова видео не е ново. Наводно, видеото било снимено пред 3-4 години, а девојката веќе има родено дете, како што се вели во неофицијалните информации што кружат на социјалните мрежи.

Што може да значи ова?

Прво, ако видеото е старо и девојката во тоа време била бремена, ова дело е уште пострашно. Испаѓа дека насилниците ја тепаат девојката додека е бремена. Ако навистина е снимката снимена пред 3-4 години, тогаш веројатноста дека некој го прикривал ова свирепо насилство со години е уште еден стравичен податок.

Во меѓувреме, полицијата ги идентификуваше двајцата насилници и ги уапси. На социјалните мрежи веќе се објавени и имињата на насилниците, но за нив официјална потврда од МВР, сè уште нема.

Станува збор за извесен Стефан Арсов, а другиот насилник е идентификуван како Пепи Ристов, кои според објавите на Фејсбук може да се виде дека, барем едниот од нив е онлајн активист на ВМРО-ДПМНЕ.

По претходните објави на Фронтлајн, еден читател ни испрати фотографија и информација преземена од профилот на еден од насилниците, тие се блиски и со лица од полициски структури во Штип кои, пак, според информациите, се блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Нашите извори посочуваат дека едно од лицата на оваа фотографија е полициски инспектор. За потврда на вистинитоста на овие наши сознанија, упативме прашање до МВР, но до овој момент не добивме никаков одговор.

На социјалните мрежи се поставуваат прашања за тоа – Зошто до сега се молчело? Од каде ја црпеле храброста насилниците ѕверски да измачуваат една девојка, а воедно и да го снимаат овој грозоморен чин?

Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите во јавноста, а двете достапни видеа постирани на различни Твитер акаунти, на кои се повикавме и во претходниот текст, се избришани од профилите што ги постирале и немаме сознанија кои се причините за тоа.


Поврзано: (ВИДЕО) Нови моменти од насилството врз девојката од Штип

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Спасовски: Ако банките го гледаат само својот интерес, со уредба ќе ги замрзнеме кредитите

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk