Премиерот Оливер Спасовки апелираше до работниците да не потпишуваат спогодбени договори за прекин на работни односи, но и дека постои нормална флуктуација во однос на бројот на невработени лица.
-Факт е дека нема драстичен број на луѓе кои се отпуштени од работа во овој период, постои нормална флуктуација. Има и нововработени, но тоа не е бројка која драстично отскокнува овој период.
Апел до работниците да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа. Државата помага на работиците, прави се за да се задржат на работните места. Но, треба и работниците да помогнат нешто сами на себе, а најмалку да не потпишуваат спогодбени договори. Има закон за работни односи кои ги штити, постојат две опции да не одат на работа, но да користат придобивки од законот за работни односи. Дали е тоа 70 или 50 отсто од плата зависи од критериумот кој се зема во предвид, рече Спасовски.