Шкријељ и Бајрактар: Помош за невработените, енергетски додаток за 30.000 лица и образовен додаток за 17.000 ученици. Системот на социјална заштита е така дизајниран што лесно се прилагодува на потребите на граѓаните, стигнува до оние на кои помошта им е најпотребна, а најранливите членови на заедницата ниту во најекстремни услови не се занемарени.
Вархеји – ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан. Другите два чекора, покрај економскиот план, се однесуваат на измената на методологијата за проширување на ЕУ и отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
Сарказам или повик за линч – Битолчанец со апел за палење на хотелите со луѓе во карантин?! По оваа објава и постови на одредени граѓани, заменик-министерката за внатрешни работи – Славјанка Петровска, извести дека веќе овој случај е пријавен во полицијата. Со денови не стивнуваат реакциите на дел од битолчани кои се против сместувањето на нивните сограѓани во карантин, во хотелите во и околината на Битола. Говор на омраза, повици за линч, страв и осуда можат да се најадат на многу профили и налози на Фејсбук и Твитер.
Почина четиримесечно бебе во Кочани. Околу 16.00 часот, и покрај укажаната лекарска помош, детето починало. По наредба на ОЈО била извршена обдукција, а потоа телото било предадено на родителите. Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека на подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на пет лица им се издадени решенија за изолација.
Советот на Град Скопје одржува седница на отворено. Советот на Град Скопје на 11.02.2020 година го усвои Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, а во минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2% во однос на планот за 2019 година.
Во Словенија се намали бројот на новозаразени и хоспитализирани лица поради корона вирусот. Според податоците на здравствените власти во Словенија се регистрирани 37 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што претставува намалување во споредба со вчерашниот ден кога имаше 56 новозаразени.