ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесполезни се планирања и очекувања од туристичка сезона во Охрид во услови на вонредна ситуација

Веќе е познато дека до крајот на јуни се откажани сите претходно договорени аранжмани за летување на Охридското Езеро. Не може да се предвидува како ќе се одвива ситуацијата во справувањето со заразата, прогнозите се неблагодарни, но повеќе од извесно е дека и во најдобар случај оваа летна туристичка сезона во Охрид ќе биде најлошата од кога се памети.

April 3, 2020 15:35
in ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новонастанатата ситуација со светската епидемија на коронавирусот секако ќе ги засегне сите сфери на општественото живеење. Во услови кога светот се обидува да се справи со болеста, секако погодена е и економијата. Но, затворањето на границите и ограничувањето на движењето на луѓето без двојби најмногу ќе го погоди туризмот како стопанска гранка.

Туристичката дејност која за Охрид има огромен економски импакт, моментално е практично во целосен застој. Туризам без движење на луѓе нема, а во Охрид и на охридската ривиера тоа значи недостиг на приходи, не само во областа на сместувачките капацитети или рестораните и кафе-баровите, туку во речиси сите дејности оттаму што речиси секој бизнис во градот и на брегот на езерото, директно зависи од туристите и гостите што доаѓаат од други места.

Веќе е познато дека до крајот на јуни се откажани сите претходно договорени аранжмани за летување на Охридското Езеро. Не може да се предвидува како ќе се одвива ситуацијата во справувањето со заразата, прогнозите се неблагодарни, но повеќе од извесно е дека и во најдобар случај оваа летна туристичка сезона во Охрид ќе биде најлошата од кога се памети.

– Зависно од тоа како ќе се развива ситуацијата со корона вирусот, летната сезона 2020 ќе биде до 70 проценти послаба од претходните, ако не и повеќе. И во најдобар случај, доколку пикот на заразата биде некаде на крајот на април како што се оптимистичките проценки, ќе биде потребно потоа уште некаде два месеца да се враќаат полека состојбите во некоја нормала, па дури потоа да се очекуваат гости. Во овие околности не очекуваме гости пред јули, изјави Крсте Блажески, претседател на Асоциацијата на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ).

Она што е важно, како што рече Блажески, е тоа што дури и да се прогласи крај на епидемијата, ќе биде потребно време за да се врати желбата на луѓето за патувања.

– Туризмот во светски рамки е во колапс. Сигурно ќе следат несакани мерки, испуштања работници, сериозни проблеми за некои позадолжени субјекти кои во бизнис-плановите не предвиделе вакви ситуации…За нас се спомнуваат некои мерки за помош од три месеци, но многу ќе зависи како ќе биде развојот на ситуацијата. Се се тоа претпоставки, излишно е да се прогнозира, да се дават мислења. Таму сме каде што сме, а ситуацијата со два збора кажано би била – без коментар, рече Блажески.

Блажески кој е раководител на хотелот „Дрим“ во Струга, каде се сместени дел од нашите повратници од странство, а за кои на сила е мерката за двонеделна изолација.

– Засега сме зафатени со згрижување на повратниците, така што прво што треба да се работи на намалување на бројот заразени, почитување на препораките за сузбивање на болеста. Ние имаме направено повеќе планови за брза реакција, како да се работи за брзо

опоравување, но сето тоа во оваа ситуација кога се на сила такви мерки и е неизвесен развојот на случувањата, практично е неважно, рече Блажески.

Инаку, Охрид никогаш не бележел голема посетеност во овој период од годината особено во месец март, но оваа ситуација не може да се споредува ниту со најлошите сезони.

Некои од угостителите и сопствениците на сместувачки капацитети ја користат забраната за работа за освежување на објектите, чистење, некои вршат реновирања, реконструкции, сето во надеж дека ситуацијата ќе се подобри и оти сезоната не е се уште загубена. Се презакажуваат некои од однапред планираните манифестации, но сето е врзано за текот на настаните околу епидемијата.

И за туризмот во Охрид останува да важи истата препорака, потребата од што подоследно почитување на мерките за спречување на ширењето на корона ворусот, се со цел што поскора нормализација на состојбите, па потоа да се работи за враќање на гостите во Охрид.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk