ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Првпат сме на состанок на НАТО како полноправна членка, потребна силна солидарост во корона кризата

Оцени дека е многу добра веста што Фондот за солидарност на ЕУ ќе биде отворен и за нас како земја што веќе има одлука да почне пристапни преговори.

April 3, 2020 07:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Историска привилегија е да бидам првиот што како земја членка ќе ја претставува нашата држава на состанокот на НАТО. Првпат за 70 години на ниво на министри за надворешни или било кои министри Северноатлантскиот совет се среќава преку видео врска. Во такво невреме живееме и логично основна тема на министерскиот состанок беше токму пандемијата КОВИД-19, изјави во интервју за Националниот сервис шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Во финалната Декларација што само што ја потврдивме во голем дел се истакнува потребата од силна солидарност и единство да се користат механизмите на НАТО и во однос на заеднички јавни набавки и во однос на меѓусебна помош и солидарност дали за медицински персонал, дали за медицинска опрема бидејќи целото човештво на некој начин се соочува со оваа огромна вонредна состојба во смисла на коронавирусот. Има и еден убав параграф при крај на финалната декларација каде сите земји членки ми укажуваат добредојде, рече Димитров.

Истакна оти сега како рамоправна членка ќе биде многу важно земјава максимално да се вложи да ја искористиме оваа солидарност и механизмите што ги има Алијансата, за, како што рече, да го заштитиме животот и здравјето на граѓаните.

– Прва земја што даде помош во смисла на финансирање на набавка на апарати беше Норвешка. Денеска Холандија набави помош во смисла на тестови за коронавирусот и тоа што ги направи Меѓународната агенција за атомска енергија, коишто, јас сум лаик во таа област, меѓутоа на некој начин отисокот нуклеарен на вирусот го открива и тие се многу брзи и многу точни и прецизни. Деновиве очекуваме да стигне таа пратка. Денеска Амбасадата на Холандија во Скопје тоа го најави. Разговаравме утрово на Кризниот штаб на Владата околу ова прашање. Правиме анализи со надлежните министерства, пред се Министерството за здравство што е тоа што ние би можеле да го понудиме како помош за други, за сојузниците. Јас не би најавувал баш во овој момент додека тој процес не се затвори. Меѓутоа, ќе биде да покажеме дека и ние можеме да помогнеме, а не само да бараме помош од другите, така што активно работиме на тоа заедно со министерот Филипче и некои други институции. Во разговори сме, оваа помош е на располагање што е клучно во време кога има толку малку летови практично низ целиот на целата планета, истакна Димитров.

Според него, една од големите придобивки ќе биде и дневното добивање ажурирани информации од членките на НАТО, какви се дневните информации и какви се можните сценарија.

– Мислам дека и тоа нам многу ќе ни помогне кога ќе ја адаптираме македонската стратегија на некој начин заедно со здравство и сите други институции, Владата итн. Плус оваа помош околу транспорт, плус оваа помош околу јавни набавки, како нова земја членка, верувам дека ќе има солидарност околу нашите потреби. Ние веќе ги пријавивме тие потреби во смисла медицинска опрема, материјал… итн. Тоа е веќе доставено пред извесно време. Така што ќе треба овој механизам, механизмите на ЕУ, со другите пријатели да правиме се што можеме да излеземе на крај и да си ги заштитиме граѓаните, рече Димитров.

Оцени дека е многу добра веста што Фондот за солидарност на ЕУ ќе биде отворен и за нас како земја што веќе има одлука да почне пристапни преговори.

– Ќе треба и поголема вештина во пласирањето на информациите, зборувавме и за тоа и кај нас во македонската јавност, во нашиот регион, ама и во Европа и во целиот свет, феноменот на лажните вести е голем предизвик. И тука има една борба за впечатоци. Да речеме, имаше без разлика колку имаат допир со реалноста или немаа допир со реалноста овие лажни вести дента кога ние ставаме и формално НАТО членка минатиот петок на социјалните мрежи имаше се ширеше нешто околу 5Г мрежата, па консеквенции некакви и ќе треба, ова бара прво поголема вештина во пласирањето на информациите кој дава помош, каква е помошта, како соработуваме…, вели Димитров.

Апелираше до граѓаните за будност и внимателност при читање на информациите. – Не се што ќе се види на телевизор и што ќе се прочита на компјутер,  на некој портал или хартија – весник е точно. Од сите нас бара многу поголема будност и внимателност. А во услови кога целиот свет мака мачи со јавни набавки на тоа што е потребно за борба против коронавирусот ова уште повеќе доаѓа до значење, рече Димитров.

Next Post

Сасоли: ЕУ бара начини како да ги вклучи земјите од Западен Балкан во своите механизми за борба против КОВИД-19

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk