ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манчевски и Хан потпишаа европски договор за дигитализација на администрацијата со програмата ИСА2

Откако ќе се комплетира оваа програма, истата ќе биде трансформирана во поголема програма наречена Digital Europe, и ќе се занимава со поголемата слика на дигитализација во ЕУ.

April 3, 2020 09:53
in TECH FRONT, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ИСА2 е централна програма на Европската Унија која поддржува активности за развој на ИКТ во администрацијата, електронски услуги, и дигитализација во јавниот сектор, генерално.

“Едноставно кажано ова е местото каде што се прават планови за развој на информатичкото општество и размена на искуства помеѓу државите членки како и развој на нови стандарди и технологии од областа, а ние ќе можеме да дадеме свој придонес. Оваа програма е наменета за земјите членки на Европската Унија, но направен е исклучок да се дозволи и нашата држава како земја кандидат да биде активен член“, истакна Манчевски.

Oд економска гледна точка, придобивките за нас како држава се јасни. Членството што се плаќа за учество во оваа програма е со помал износ од годишните трошоци коишто ги имаме за приклучок кон TESTA-ng мрежата.

Откако ќе се комплетира оваа програма, истата ќе биде трансформирана во поголема програма наречена Digital Europe, и ќе се занимава со поголемата слика на дигитализација во ЕУ. Тука ќе се разгледуваат и носат идните стандарди и насоки за развој на дигиталната агенда. Северна Македонија активно ќе учествува во дефинирањето на идните решенија и стандарди од ова поле кои понатаму и ние ќе ги имплементираме и примениме.

Комесарот Хан, потенцираше дека на овој начин, со влегувањето на Северна Македонија во оваа програма, ние сме веќе дел од Европската Унија. Тој ги поздрави напорите на нашата држава за приклучување кон ИСА2, а како потврда за тоа е отстапката што ја прави ЕУ, овозможувајќи и на Северна Македонија, полноправно членство во оваа програма.

Согласно препораките за справување со Ковид-19, потпишувањето беше преку видео конференција. Како што потврдија и Манчевски и Хан, ова е уште еден пример за важноста на дигиталните бенефиции за непречено одвивање на активностите, дури и во време на вонредна состојба.

Next Post

Гувернерката Ангеловска-Бежовска: Очекуваме да се олеснат финансиските услови за граѓаните и за стопанството

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk