Во насловот на текстот „Трогателно: Почина двегодишно дете од коронавирусот во Македонија“, авторот го „прогласил мртво“ двегодишното дете, за кое Институтот за јавно здравје го опиша како најмладиот пациент со корона вирус кај нас, пишува „КриТинк“.
Изгубен во преводот, или едноставно за собирање кликања, авторот го измешал терминот „пациент“ со „жртва“ и со тоа проширил дезинформација што воопшто не е вистина. Овој наслов го наведува читателот на погрешна интерпретација, го дезинформира и постигнува други цели што се неприфатливи во однос на стандардите на новинарската етика.
Авторот во продолжение со повикување на официјалните податоци на Институтот за јавно здравје „го оживува“ двегодишното дете и го рангира на списокот на пациенти како најмладиот во државата. Во овој текст, авторот ги измамил своите читатели, кои, под влијание на ситуацијата со коронавирусот и начинот на кој бил напишан насловот, кликнале за да видат што се случило со детето. Но, овој текст не дава одговор, читателот излегува без да разбере што се случило со двегодишното дете.