ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прекршување на полицискиот час во Велес, Гевгелија, Охрид и Куманово

Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во и околу градовите без да поседуваат дозвола за движење

April 3, 2020 12:46
in ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, ПРАВДА

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за изрекување казни во висина од по 1 000 евра за три лица кои не го почитувале полицискиот час.

– Обвинетите на 29 март не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на населението во деновите од викендот, па за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови, информирата од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители на Основниот суд Куманово му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во вкупен износ од 1.000 евра во денарска противвредност.

Сите три лица се товарат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството од Охрид поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од охридското Обвинителство.

– Обвинетиот се товари дека вечерта на 26 спроти 27 март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, информираат од Јавното обвинителство.

Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Исто така, основното јавно обвинителство од Гевгелија поднесе 14 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

– Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во и околу Гевгелија без да поседуваат дозвола за движење, велат од Обвинителство.

За секој од обвинети лица, јавните обвинители му предложија на Судот да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.

Велешкото јавно обвинителство во текот на денешниот ден до велешкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнен налог против шест лица за сторено кривично – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.

-Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот, велат од обвинителствоо.

Надлежните јавни обвинители предлагаат на обвинетите за стореното кривично дело да им се изречат парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупни казни од 800 евра во денарска противвредност.

Next Post

Почина четиримесечно бебе во Кочани

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk